СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Peugeot во 2023 година ќе се врати во САД

Иако спојувањето на PSA групата и Fiat Chrysler оди бавно, Peugeot не ги одложува своите планови за враќање во Соединетите Американски Држави.

На нив Французите трпеливо работат со години, подготвувајќи ги сите услови за непречен рестарт на американскиот пазар, и тоа веќе во 2023 година – првичните планови беа тоа да се случи до 2026 година.

Со оглед на тоа дека не им се чека на спојувањето на двете компании, акцентот на нивното делување во моментов е ставен на оформување на дилерската мрежа.

Од идните партнери се бара да имаат мали и едноставни продажни места, во кои нема да има потреба да се инвестираат милионски суми за да бидат функционални.

Според официјално непотврдените информации, ќе се стартува во 15 најголеми и најнаселени сојузни држави, меѓу кои се Њујорк, Калифорнија, Тексас, Флорида и други.

Како дополнение, приоритет ќе се стави и на он-лајн продажбата, која во сегашните пандемиски услови стана исклучително популарна.

Засега нема ниту збор кои модели ќе бидат понудени на овој пазар, ниту пак дали (односно кога) ќе биде опфатена и Канада.

Peugeot беше присутен на американскиот пазар од 1958 до 1991 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV