СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Opel Rocks-e: скутер во тинејџерски години

Електричното возилце за двајца млади кое одлично ќе послужи за кратки градски рути, од денеска е најмалиот член на Opel-флотата.

Големите групации, помеѓу останатото, се формирани за максимално искористување на расположливите ресурси.

Но, кој уште се заморува каде што и како е развиено. Важен е продуктот, а поготово ако тој доаѓа со омилениот беџ на носот.

Гледајќи од тој агол, денес пред публиката засветли Opel Rocks-e, екстремно компактен двосед (241 cm) кој се движи со помош на електромотор.

Со самиот чин беше означено раѓањето на класата SUM (Sustainable Urban Mobility) која го означува токму тоа што го пишува во заградата.

 

Иако можеби ви делува малку познато, сепак Rocks-e е накитен со сите нишани на германскиот производител. Кој сака на предниот дел може да го забележи и стилизираното ново лице на брендот претставено преку Opel Vizor.

Кога е веќе така, да погледнеме за каков тоа „гаџет“ ќе инсистираат средношколците кај своите родители. Првиот впечаток ни вели дека кај многумина од нив значително ќе се подигне мотивацијата за постигнување успех.

Дизајнерската импресија е прилично поволна – минимализам, со истовремено присуство на сите неопходни уреди што ги поседува и еден „нормален“ автомобил.

Поставените симетрии, изведени по двете оски (напред-назад и лево-десно) освен што ја намалуваат производната цена, дури делуваат и симпатично. Резултат: двете врати се симетрични па затоа едната се отвара од назад спрема напред, додека совозачката обратно.

 

Минималистички е осмислен и погонот. Батериите со капацитет од 5,5 kWh овозможуваат радиус на движење од 75 километри, притоа брзината е адекватно ограничена на 45 км/ч. После тоа треба да се извади приложениот кабел и да се приклучи на домашната електрична мрежа, а таму треба да остане 3,5 часа.

Додека се движи, Opel Rocks-e е поврзан со мобилните уреди, а лесно може да се претпостави дека подвижноста му е вродена особина.

Наместо заклучок за возилото, исто како на француските претходно, сега и на германските средношколци ќе им порачаме: деца, учете вредно, потоа вашите родители ќе се погрижат за набавка на вашиот Opel Rocks-e примерок.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV