СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Пристигнува и електричната
Kia EV4

 

Kia наскоро планира да ја прошири понудата на електричните модели од својата EV гама.

Прв што ќе биде претставен, во текот на следната година, ќе биде моделот со ознака EV4 кој ќе се продава и во Европа.

Како и што се очекува, и EV4 ќе биде кросовер базиран на E-GMP платформата од групата Hyundai-Kia и на пазарот ќе се бори во класата во која се Volvo C40 и Mercedes EQA.

Со димензиите би требало да биде слично голем на новата генерација на Sportage, а ќе се нуди со батерии од 58 и 77,4 kWh со кои ќе има автономија од околу 500 km.

Се очекува во верзии со еден електромотор и 226 KS и со два електромотора, погон на сите тркала и 321 коњска сила.

Kia планира до 2025 година да има гама од вкупно 11 електрични модели.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV