СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Opel Mokka-e: Новиот кросовер стартува со електрика

 

Новата Mokka ќе напаѓа со можност за погон на бензин, нафта или електрика. Честа прва да се претстави пред јавноста ја има целосно електричната верзија Mokka-e која носи најнова корпоративна техника.

Првата Mokka на пазарот се појави во 2012 год. како технолошки близнак на Chevrolet Trax. Во тоа време, очекуван потег поради припадноста на Opel кон групацијата General Motors.

Присутноста од цели 8 години јасно дава до знаење дека со Mokka, Opel го погоди вкусот на бројни купувачи.

Околностите се сменија – сега Opel е дел од PSA групацијата – па очекувано е наследникот да го продолжи трасираниот пат, и по можност да го надoгради компактниот кросовер со најнови технологии.

Иако прогнозите најчесто одеа во правец на гасење на моделот, стратезите на Opel решија моделската офанзива да ја продолжат со целосно нова Mokka.

Зошто, ќе прашаат неупатените, Opel веќе го има Crossland X кој концепциски, а и по димезнии, е многу близок со Mokka? По детално разгледување на Mokka станува јасно дека и целната група купувача значително се разликува од технолошкиот близнак.

И покрај тoј пресметан ризик, од компанијата решија да развијат целосно ново возило. Причините можат да се насетат; Mokka за време на својот 8-годишен престој на пазарот се стекна со одлична репутација и бројни задоволни клиенти.

Mokka-e со позната механичка основа

Запознавањето со вградената механика, веднаш не носи на познат корпорациски терен. А таа коцепција веќе е применета кај Peugeot 208 и 2008 како и кај новата Opel Corsa.

Конструкторскиот пристап е едноставен колку што е и комплицирана неговата изведба.

На една иста платформа – во случајот CMP (Common Modular Platfrom) – може да се вградат мотори со внатрешно согорување, но и чисто електричен погон со батерии.

Кај новата Mokka-е изразено во бројки тоа значи батерии со капацитет од 50 kWh, максимална силина на моторот од 100 kW (136 КС), и можеби најзначајното, автономија од 322 километри кога се вози во модот, Normal.

Покрај Normal  постојат уште два начина на возење, Eco и Sport. Првиот обезбедува побавно трошење на батериите, а вториот прави поголем спортски мерак. Приклучен на брз полнач од 100 kW, на Mokka-е и се доволни половина час за полнење на батериите до капацитет од 80%.

Опрема од повиоките класи

Да додадеме дека новата Mokka е за 120 kg полесна од претходникот, и за 12.5 cm пократка. Се разбира, кај електричната верзија, батериите тежат многу повеќе отколку остварената диета, но тоа е веќе друга приказна.

Новиот визуелен идентитет на предниот дел (наречен Opel Vizor) ќе ги краси и идните модели на брендот.

Внатрешноста јасно дава до знаење кон кои купувачи цели производителот. Таа е потполно дитализирана со два екрани пред возачот, поради што и е дадено и име – Opel Pure Panel.

Кога сме тука да ја споменеме и електричната команда за рачната сопирачка, како и незибежните сертифицирани седишта на кои во Opel се посебно горди.

Заокружувањето на технолошката приказна оди преку целосното LED осветлување, и посебно, преку IntelliLux LED® matrix фаровите со по 14 светлечки елементи.

Безбедносите системи за асистенција силно го истакнуваат своето присуство, како што и прилега на електрично возила со дадутм на производство 2020.

Порачките за новата Opel Mokka се отвараат во септември а првите испораки се очекуваат на почетокото на идната година.

 

 

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Opel

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот