Поргласени добитниците на наградите од „Изборот на Автомобил на годината во Македонија“. Главната награда отиде во рацете на Opel Corsa, додека Toyota RAV4 го доби признанието „СУВ на годината“.
Националното жири за избор на годинава по 25. пат го организира изборот кој е најстарата манифестација од ваков вид во Македонија.
Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди шест (6) финалисти кои годинава рамноправно конкурираа за титулата „Автомобил на годината во Македонија за 2020“.
Победникот како награда добива стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов, направено специјално за Изборот на автомобил на годината во Македонија уште од 1995 година.
Листа на финалисти ја сочинуваа:
– Kia XCeed
– Toyota RAV4
– Opel Corsa
– Mazda 3
– BMW 1
– SsangYong Korando
По анализатa на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на Opel Corsa
.Признанието СУВ на годината го доби моделот Toyota RAV4
„Со петтата генерација, Toyota како наново да го лансираше RAV4. Тој сега е попростран и поудобен, со помоќен изглед и нови технологии спакувани во една урамнотежена целина со избалансирана цена.
Вниманието на купувачите го привлекува и со хибридниот мотор кој ги замени дизелите. Целокупно гледано, RAV4 со многу свои особини се издвојува од бројната конкуренција во класата која своевремено токму тој ја популаризираше.
Гласот од финалистите годинава го доби моделот MAZDA 3. Од шесте финалисти за моделот Mazda 3 гласаа три (3) со што овој модел доби еден рамноправен глас при гласањето.
При изборот на Автомобилот на годината Националното Жири се раководеше од шесте критериуми:
– адекватност и понуда на домашниот пазар
– економичност и еколошка прифатливост
– безбедност и примена на технолошки достигнувања
– возни својства
– дизајн
– комфор и опременост
Секој член на Жирито има на располагање 120 бодови што треба да го распредели на моделите финалисти.
Победничкото возило Opel Corsa доби 110 бодови од жирито (4 гласа), пред Mazda 3 со 86 и Toyota RAV 4 модел што доби 81 бод.
Признание „Томислав Биљарац“
Националното Жири за Избор на автомобил на годината во Македонија годинава по третпат го доделува и признанието „Томислав Биљарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија.
Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија.
Одлуката на Националното Жири за избор на автомобил на годината во Македонија е признанието „Томислав Биљарац“ за 2020 година да биде доделена на Славка Каленикова
Досегашни победници во изборот за „Автомобил на годината во Македонија“
1996 Fiat Bravo-Brava / 1997 Renault Megane / 1998 Opel Astra 1998 / 1999 Skoda Octavia / 2000 Fiat Punto / 2001 Seat Leon / 2002 Toyota Corolla / 2003 Mazda 6 / 2004 Mazda 3 / 2005 Seat Altea / 2006 Vоlkswagen Passat / 2007 Opel Corsa / 2008 Kia Cee`d / 2009 Volksvagen Golf VI / 2010 Opel Astra IV / 2011 Hyundai iX35 / 2012 Кia Rio / 2013 Seat Leon / 2014 Skoda Octavia / 2015 Ford Mondeo / 2016 Skoda Superb / 2017 Kia Sportage / 2018 Dacia Duster / 2019 Ford Focus.