СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Opel Astra Sports Tourer: генерички караван [видео]

 

Со багажен простор кој се протега помеѓу стандардните 608 и максималните 1.634 литри, караванската верзија на новата Astra има амбиции да ги засени конкурентите од компактната класа.

Конструирањето на шестата генерација на Astra, службено означена со буквата “L”, е започната под капата на PSA групацијата.

Sports Tourer верзијата, односно караванот, е дел од тој проект и носи силни технолошки обележја кои се преземени од аналогните модели на групацијата.

Сега производството  ќе се одвива под закрила на концернот Stellantis што значи дека и некои идни модели на Fiat би можеле да бидат изградени врз истите основи.

Набргу по претставувањето на основниот хечбек пристига и караванската Sports Tourer верзија, која според димензиите (4642 x 1860 x 1480)mm е значајно порасната, факт кој драматично се одразува врз понудата на багажен простор.

Тој не се добива само со физичко зголемување на димензиите (+ 268 mm) туку и со 57 милиметарско зголемување на меѓуоскиното растојание.

Резултатот е видлив и со голо око – багажникот кој во основниот хечбек нуди 422 литра сега е зголемен на 608 литра, кои со соборување на задните седишта растат на цели 1.634 литри.

Во стандардната палета на мотори се вклучени трицилиндерскиот 1.2 турбо мотор кој е потпомогнат со mild hybrid технологија а испорачува 110 или 130 КС.

За сега во понудата се науѓа и еден мотор на нафта кој потекнува од PSA семејството, има зафатнина од 1.5 литри и силина од 130 КС.

Вистинска новина ќе биде plug-in хибридот изграден околу четрицилиндерскиот 1.6  бензинец кој ќе располага со системска силина од 225 КС.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот