СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Nissan Rogue: Вака ќе изгледа и новиот Nissan X-Trail од четвртата генерација

Nissan во САД го претстави моделот Rogue, со него всушност го најавува и европскиот X-Trail кој со мали измени би требало да пристигне при крајот на годинава.

Како што се очекуваше, изгледот му е значително изменет, со стил кој е под влијание на новиот Juke. Јапонците велат дека тоа е направено за да се потенцираат функционалноста, флексибилноста и технологиите на новиот модел, чија цел е животот да биде поедноставен.

Наменет е претежно за помладите семејства, на кои ќе им се допадне заоблениот преден дел, со LED светла и новата V-Motion решетка на Nissan.

Дизајнот назад е поеволутивен со преобликуван спојлер и нова врата на багажникот, а од претходникот го издвојува и покривот со двојни „набабрувања“.

Оваа трета генерација на Rogue е за 38 mm пократка и во неа се седи за 5 mm пониско, заради што од Nissan велат дека со тоа е подобрена управливоста.

Нови карактеристики се и активниот затворач на предната маска, која со преобликуваните крила и заштитата на подвозјето ја подобрува аеродинамиката.

Значајно е тоа што Rogue премина на потполно нова платформа од која се очекува да донесе подобрена динамичност.

Се разбира, со помош на напредните технологии како што се Vehicle Motion Control системот кој ги надгледува кочењето, свртеноста на управувачот и позицијата на педалата за гас, интервенирајќи по потреба во изискувачки за возачот ситуации.

Тука се и повеќето режими на возење кои ги дозволува електрониката, а верзиите со погон на сите тркала имаат нова електрохидраулична спојка која попрецизно го распределува вртежниот момент меѓу оските.

Во Соединетите Американски Држави, Nissan Rogue ќе биде достапен само со еден мотор – 2.5 литарски бензинец со 181 КС спарен со континуиран CVT менувач. Цените засега не се познати.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот