СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Nissan Pathfinder 2022: Американскиот Јапонец [видео]

 

Nissan ја претстави новата генерација на големиот Pathfinder, кој јавноста го знае како еден од последните вистински теренци на пазарот.

Иако како и претходната генерација тој веќе не е поставен на шасија со крути оски туку има самоносечка каросерија, веќе самиот изглед на Pathfinder го подгрева ваквото мислење.

Дизајнерите на Nissan велат дека инспирацијата ја пронашле во првата негова генерација, но тоа тешко може да се забележи.

Сепак заедничка им е моќната појава која не остава простор за сомнеж дека се работи за издржлив теренец.

Тој тоа ќе го докажува со деветстепениот автоматски менувач закачен на познатиот 3,5 литарски V6 мотор со 284 KS и 350 Nm, кој стандардно ги задвижува предните тркала. Верзиите со погон на сите четири тркала имаат и Drive mode селектор со седум режими на возење.

Во пространиот ентериер во кој има место за осум патници владее новиот бран на дигитализација.

Инструмент таблата е со екран од 12,3 инчи, инфо-забавниот систем има нешто помал од 9 инчи, а тука се и head-up дисплејот.

Не недостасуваат и surround-view камерата, Apple CarPlay, Android Auto и WiFi конективноста, безжичното полнење телефони, Bose аудио системот со 13 звучници …

На списокот опрема меѓу другото се и системот за автоматско кочење со детекција на пешаци, адаптивниот темпомат, системот за задржување на возилото во коловозната лента и можеби уште нешто за што Nissan мисли дека треба да го има.

Продажбата во Северна Америка ќе започне летово, а големо прашање е дали ќе биде понуден во другите региони.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео