СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Nissan Ariya – Светска премиера на електричниот купе кросовер (Видео)

 

Електричната Ariya има можност за погон на предната или на двете оски, и се вградуваат два сета батерии, а моторите може да бидат со силина помеѓу 218 и 394 КС.

Деновиве во Јокохама беше свечено. Виртуелната светска премиера на Nissan Ariya внесе свежина во тмурното автомобилско небо надвиснато над целата автоиндустрија.

Токму во овие труболентни времиња сведоци сме на раѓањето на перспективен кросовер кој се движи само со помош на електрична енергија од батерии, и има облик на купе.

Доволно провокативно за стручната јавност длабоко да се загледа во технологијата вградена под современо обликуваниот лим.

Ariya е поставена на новоразвиена брендовска платформа на чија подница лежи сетот батерии. Таа архитектура е олдичен предуслов за идеален, 50:50 тежински распоред по оски.

Капацитетното подвозје со мулти линк на задната оска ветува одлична соработка со палетата од пет погонски електромотори со силина помеѓу 218 и 394 КС.

Овој последниот носи ознака AWD e-4ORCE што е непогрешлив знак за врвниот модел со два електромотори и векторирање на моментот (600 Nm) на секое тркало посебно.

Основната понуда има мотор од 218 КС вграден на предната оска и батерија со капацитет од 65 kWh.

Ariya кој според димензиите (460 x 185 x 166)cm најблизу е до Nissan X-Trail во основната конфигурација има автономија до 360 километри.

Со поголемиот сет батерии од 90 kWh автономијата се искачува на цели 500 км што воедно значи и спремност за подолги патувања.

За да не се повтори прегревањето на батериите при подолги релации кое се појавуваше кај Leaf, кој патем кажано е еден од најпопуларните елктрични компакти во светот, инжинерите употребиле решение со течно ладење на батериите.

 

 

Максималната брзина е ограничена на 160 км/ч освен кај врвните варијанти кои можат до 200 км/ч, задоволство кое се плаќа со намалување на километрите после кое траба да се приштека на извор на електрична енергија.

Nissan Ariya има амбиции за настап на светскиот пазар, па поради тоа конструкторите предвиделе повеќе начини на полнење.

Во Јапонија ќе се користи стандардот CHAdeMO, додека во Европа CCS-стандардот за брзи полначи. Домашното полнење на трофазна струја возможно е да се врши со максимални 22 kW.

Во изгледот на внатрешноста или пак во надворешниот дизајн поголеми изненадувања нема, освен што гледано од приложениот материјал сé изгледа одлично посложено.

Корисничкиот интерфејс како и конективноста и пристапноста се дело на домашните инженери, со тоа што внатрешноста изгледа прилично едноставно – во стилот на сите понови електрични модели.

Прашањето за цената и паралелното посотење со втората генерација на Leaf се тешки прашања со кои набргу ќе се соочат статезите на компанијата.

Да не беше пандемијата, како што дојде непланирано, Nissan ќе настапеше прилично самоуверено, вака многу работи ќе бидат вон нивно влијание.

 

текст: Агрон Сулејман

фото: Nissan

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот