СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mobilize: нов, електричен бренд на Reanult

 

Моделот EZ-1 е првиот концепт на Mobilize, новиот бренд на Renault кој ќе произведува исклучиво електрични автомобили.

Reanult сака да произведува мали автомобили. А и најдобро тоа знае да го прави. Затоа и воопшто нема причини истиот пристап да не го примени и при промоција на новиот бренд.

Mobilize EZ-1 е првиот концепт кој во низата што следи има улога да го пробие патот за останатите модели кои ќе следат, а нив ќе ги има вкупно осум на број. Дали кога минатата недела шефот, Лука де Мео ја најави новата стратегија на брендот (која е многу поразлична од проекцијата на екс-шефот Карлос Гон) мислеше токму на масовната електрификацијата?

Одговорот сега наоѓа своја потврда. Иако многумина акцентот го ставија на гаснење на неколку актуелни модели, сепак оваа е крупниот залак кој ќе треба да донесе повеќе килажа на финансиското салдо.

Но пред да дојдат ефектите, ќе мора сериозно да се поработи на електрификацијата. А таа, секако , не претставува новина во работењето на Reanult, но сега ќе добие на стратешка важност.

Ако се бараат новините кај Mobilize EZ-1 секако тоа е можноста за 50 процентно рециклирање на материјалите, и можноста наместо да се дополнуваат бетариите, едноставно да се заменуваат со претходно наполнети.

Овој момент е од исклучителна важност за принципот на „споделување автомобили“ (car-sharing) при што корисникот нема обврска да се грижи за одржување, па дури ниту за повторно полнење на испразнетите батерии.

Во техничките спецификации на Mobilize EZ-1 стои должината од 229 cm во која има простор за два патника. Малиот електричар има впечатлив облик при што целосно стаклените врати длабоко навлегуваат во кровот.

кај концептните возила основното прашање што се поставува е дали воопшто ќе доживее сериска продукција и кога ќе се случи тоа. Според најавите од Renault одоговорот е јасен – набргу!

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот