СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Mini Vision Urbanaut: Необичен дизајн и минималистичка внатрешност [видео]

Mini го претстави концептот Vision Urbanaut замислен како автономен електричен модел на иднината во кој распоредот на внатрешноста може да се менува.

Иако е сосема јасно дека со својот доста необичен дизајн овој концепт нема ни да се приближи до сериското производство, сигурно ќе даде некои насоки во кои ќе се движи идното размислување на марката.

Притоа не мислиме на самиот облик кој дефинитивно е надвор од сé што може да се очекува од Mini, туку на дизајнерските решенија и стилските елементи.

На пример LED светлата составени од повеќе елементи кои се палат по потреба и визуелно сочинуваат главни тркалезни светла поврзани меѓу себе со светлечка лента.

Тие освен за осветлување  имаат задача и да комуницираат со останатите учесници во сообраќајот, што ќе го прават со повеќебојната графика.

Интересно и препознатливо решение на концептот наречен Vision Urbanaut се и осветлените тркала кои сигурно ќе привлечат внимание.

Невообичаено е пристапено и во внатрешноста, чиј просторен волумен е добиен со отстранување на голем број непотребни нешта и светлото што доаѓа преку проѕирниот покрив.

Футуристичка е и замислата елементите во кабината да можат да се прередуваат, обезбедувајќи ѝ различен изглед за различни стилови на возење.

За ова од клучно значење се автономните можности на овој концепт, чиј управувач и педали едноставно се склопуваат со притисок на логото на Mini доколку возачот ја препушти контролата на електрониката.

 

Се влегува преку само едната (лизгачка) врата, предните седишта можат да се ротираат а возачкото да се претвори во удобна фотелја. Тастерите и прекинувачите се елиминирани, на средината се наоѓа кружен дисплеј а ветробранско стакло може да се отвори нанагоре.

Детали за погонот на концептот кој е електричен нема, а не ни требаат бидејќи сé на него е толку екстремно што било каква бројка би била одвишок. Всушност најдобро е да се погледне видео прилогот за да се стекне вистински впечаток за визионерското дело на преоектантите!

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV