СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Lamborghini Huracan STO: Тркач во цивилен костум [видео, 1:34]

Доколку знаете дека кратенката STO доаѓа од Super Trofeo Omologato, тогаш сé е јасно. Доколку не знаете, тогаш доволно е да се каже Lamborghini Huracan и пак сé да биде јасно.

Инспириран од своите тркачки браќа, Lamborghini Huracan STO се разликува од стандардниот модел по малку поагресивните аеродинамични додатоци – предниот спојлер, отворите за воздух, проширените калници и задниот спојлер кој се подесува.

Визуелно нагласените портокалови елементи и новите магнезиумски тркала со Bridgestone Potenza пневматици ја дополнуваат сликата која треба да ни долови дека оваа верзија на Huracan е за 0,3 секунди побрза.

Звучи малку, но во светот во кој настапува тоа значи нешто друго – дека силата се користи не за крајните бројки туку за динамиката на возење.

А таа се добива со за 50 килограми намалената тежина благодарение на поголемата употреба на јагленородни влакна и за 20% полесното ветробранско стакло.

Затоа и забрзувањето до 100 km/h за 3,0 и до 200 за 9,0 секунди, а посебно максималната брзина од „само” 310 km/h, тука не играат улога.

Малку можеби, ама само малку имаат значење 640-те коњски сили извлечени од 5,2 литарскиот V10 мотор колку што има и Huracan Performante, но за разлика од него STO има погон само на задните тркала.

Како силата ќе стигнува до нив ќе одлучува возачот од тркачките седишта од јагленородни влакна со помош на трите нови режими за возење – STO (за пат), Trofeo (за патека) и Pioggia (за дожд).

Што со нив може, првите купувачи ќе дознаат напролет откако ќе платат 249.412 евра, плус давачките према државата.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV