Новиот Countryman е најголемиот Mini досега, доаѓа со бензински и дизел мотори како и само со електричен погон. Ние ја возевме дизелска верзија со 150 КС.
Сигурни сме дека Сер Алек Исигонис искрено би се израдувал на трансформацијата на Countryman од кросовер во SUV.
А веруваме и со радост би се повозел со досега најголемиот Mini.
Причините за нашите претпоставки ги наоѓаме во зголемување на должината за околу 147 mm (4.444 mm) со кои сега моделот е на прагот на компактните SUV модели.
Во подршка на должината доаѓа и меѓуоскиното растојание од 2.692 mm според кое новиот модел дури и го надминува просекот на класата. Јасно, во него сега има озобилство простор за целото семејство, а во багажникот од 450 литри, и за нивниот багаж.
Кога вака ќе се погледнат бројките, основната дилема која се поставува е дали можеби не е загрозен (мини)малистичкиот карактер кој Mini го краси уште од настанокот во 1959 година.
И да е така, не веруваме дека некој ќе има нешто против, а уште помалку дека ќе се побуни поради тоа.
Непогрешливо препознатлив
Целосно новиот Mini Countryman 2.0 D (U25) е рафинирана еволуција на омилениот SUV на Mini
Првиот контакт со возилото веднаш ќе ги отстрани сите дилеми: новиот Countryman е со душа и тело – вистински Mini. Карактерот извира од секој детаљ, а како бонус се добива умешно искористениот простор кој е оплеменет со употреба на премиум материјали.
Одличниот баланс помеѓу пропорциите и внатрешната пространост резултира со употребливост како низ градскиот метеж така и при подолгите семејни авантури.
Дали некој воопшто може да го доведе во прашање чудниот шарм што го дефинира брендот со децении?
Механичка постава
Новиот Countryman се нуди со бензиски мотори од 170, 218 и 300(!) коњски сили, а единствениот дизел е докажаниот дволитарски агрегат кој за служба во новата средина е подесен на 150 КС. Како асистенција се појавува и mild hybrid технологијата која, преку електромоторот сместен во менувачот, помага со додатни 20 КС.
Добро, општо познато е дека Mini функционира под диригентска палка на газдите од BMW па затоа и моторот има познато педигре. Автоматскиот менувач (Steptronic) со седум степени силината ја пренесува на предните тркала.
Уште повеќе, целата механичка поставка е во многу блиски релации со BMW X1, сметајќи го притоа и зголеменото меѓуоскино растојание од 2.692 mm.
Кон тие премиум компоненти се придружуваат и управувањето, сопирачките, потпирањето, безбедносите системи,… Гледано од оваа перспектива очекувањата од новиот Countryman добиваат нова, премиум димензија.
Сето тоа зачинето со Mini-специјалитетите како што е на пример „go – kart“ модот кој, и покрај зголемените димензии, Countryman го претвара во возбудлива направа која го размрдува нивото на адреналин во крвта.
Во таа функција се ставаат системите за чувствителноста на педалот за гас, покрутото потпирање, спортскиот управувач,… а возачот во миг посакува да стави тркачка кацига.
Можете само да замислите како „go – kart“ модот функцинионира во JCW варијантата која е двојно посилна од дизелот и има постојан погон (ALL4) на сите тркала. Толку околу капацитетите.
Мини стил
Надворешниот дизајн е детерминиран помеѓу традиционалните линии и зголемените димензии. На предниот дел се задржани округлите фарови, маската на ладилнкот е редефинирана, а страничните линии ја истакнуваат моќта.
LED предните и задните светла доаѓаат како стандард, а Mini продолжува да нуди широк спектар на опции за персонализирање. На располагање се ставаат уникатни бои кои во комбинација со контрастните бои на покривот и уникатниот дизајн на тркалата, овозможуваат единствен изглед на секое возило.
Во внатрешноста, Mini Countryman D (U25) докажува како може перфектно да функционираат крајно поедноставениот дизајн и високата технологија.
Централно поставениот голем дисплеј со тркалезна форма е точката каде се слеваат сите информации.
Под него се поставени неколку физички прекинувачи помеѓу кои и старт-стоп копчето и менувачот, додека главните информации возачот може да ги следи преку хедап дисплејот.
Ракувањет со командите е исклучително едноставно, поради што возачот бргу се навикнува. Сите аплаузи ги заслужува интиутивниот интерфејс кој може да послужи како школски пример за практичност.
На ова ниво дигиталнот поврзување со мобилните уреди како и бројните можности за амбиентално осветлување, самите по себе се подразбираат. Исто како и бројната армада од системи за заштита.
Во секој случај чувството дека се наоѓате во уникатно премиум опкружување не ве напушта ниту за миг.
При возење
Се навраќаме на дизелот. За служба во новата средина тој е додатно апдејтиран и еколошки упристоен. Работи тивко и мирно, а и карактеристичното бруење на дизелеите е пригушено до ниво на бензинците.
Максималните 150 КС ги испорачува веќе при 3.750 вретжи, што понатамошното форсирање го чини беспредметно.
Што е уште позначајно за економичноста, максимланиот вртежен момент од 360 Nm е достапен веќе од 1.500 вртежи.
Внимателното притискање на педалот за гас го прати и автоматскиот менувач, што резултира со бројки на просечната потрошувачка под пет литри.
Ова се убави бројки за посмирените возачи, но нив ги има и од подинамичните, нели? За задоволување на нивните спортски очекување Mini предвидува неколку модови на возење помеѓу кои се наоѓа и модот за персонализирање, и како круна, „go – kart“ модот.
Возило за сите возрасти
Ако не робуваме на стереотипот според кој Mini моделите се наменети само за помладата популација, слободно може да кажеме дека Countryman со задоволство би го возеле сите возрасти.
Таа желба е поврзана само со можностите. А тие велат дека цените на Countryman започнуваат од 39.900 евра. Широкиот спектар на додатни опции за персонализација цената ќе знаат адекватно и да ја подигнат, но исто така и акциски да се добијат за помала сума. А за сите подетални информации најупатно е да се обратите кај домашниот увозник, М Кар.
MINI Countryman D
(D 2.0 Mild Hybrid Steptronic) |
|
мотор | линиски дизел со “mild hybrid” асистенција, четири цилиндри, сместен напред, попречно |
работна зафатнина | 1.995 cm3 |
пречник и од | 84 × 90 mm |
напојување | common reil, две брегасти оски, четири вентили по цилиндар, компресија 16,5 : 1 |
максимална силина | 110 kW / 150 КС @ 3.750 – 4.000 |
максимален вртежен момент | 360 Nm @ 1.500- 2.500 врт/мин. |
пренос на силина | Steptronic, седум степен автоматик, погон на предната оска |
електромотор | 15 kW (20 КС) / 55 Nm |
системска силина | 120 kW / 163 КС (400 Nm) |
потпирање | Напред: независно, McPherson, стабилизатор Назад: независно, просторна оска, стабилизатор |
сопирачки: напред / назад | вентилирани дискови / вентилирани дискови – ABS, EBD, ESP |
должина x широчина x височина | 4.444 x 1.843 x 1.661 (mm) |
меѓуоскино растојание | 2.692 mm |
тежина | 1.620 kg |
максимална брзина | 208 km/h |
забрзување од 0 – 100 km/h | 8,5 секунди |
комбинирана потрошувачка | 4,6 – 4,8 l/100km |
емисија на CO2 (WLTP) | 120 – 127 gr/km |
Интересно
-
Актуелен Миг
/ пред 4 неделиДомашна премиера на BMW X3
Четвртата генерација на BMW X3 доаѓа со целосно нов изглед, со бензиски, дизел...
Од Autoinfo.mk -
Колумни
/ пред 2 месециЕвропа ја губи трката
Кризата во автомобилската индустрија се посилно ја притиска европската економија. Состојбите воопшто не...
Од Autoinfo.mk -
EV
/ пред 2 месециZeekr Mix: врвниот семеен ван, во Кина ќе чини неполни 36.000 евра
Брендот Zeekr на Geely има полни раце работа со проширување на својата гама....
Од Autoinfo.mk