Глобалниот новитет на MG, електричниот хечбек MG4, веќе е понуден и на домашниот пазар.
MG е кинески бренд со силни европски корени.
Во конструкторскиот фокус се електричните возила првенствено наменети за европските купувачи.
Богатата палета на целосно електрични возила (EV) составена од караванскиот MG5, MG ZS EV кој е SUV од Б-сегментот и спортскиот компактен SUV, MG Marvel R, сега се збогатува за хечбек од компактната класа, MG4.
MG4 е поставен на нова, MSP платформа при што се корсити погон на задната оска. Модуларната платформа е способна да понесе мотор и на предната оска, што јасно укажува на можноста за интегрален погон.
Во време кога се мисли дека хечбек моделите веќе го имаат кажано последниот збор, MG Motor излегува на пазарот со свеж и современ дизајн, кој притоа делува и прилично оригинално.
Влезниот модел користи батерија со капацитет 51 kWh, а како погон користи е-мотор со силина од 125 kW (170 KS).
Досегот на оваа варијанта изнесува 350 километри, а се полни преку DC (еднонасочна струја) полнач со максимум на излезна снага од 117 kW.
Комбинирана со ниво на опрема Standard цената на влезната варијанта е поставена на 33.900 евра.
Посилната варијанта на MG4 во својата подница крие батерија со капацитет од 64 kWh, а користи погонски електромотор од 150 kW (204 КС).
Поголемата батерија значи и автономија од 450 километри, а во вкупната цена од 37.900 е вклучено нивото на опрема Comfort.
Двете варијации на тема, MG4 може да се видат во изложбено-продажниот салон на Гранд Моторс.