СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Возете внимателно, следи продолжен викенд

 

Пред нас е уште еден продолжен викенд во кој се очекува интензивен сообраќај.

Продолжените викенди се одлична прилика за оттргнување од секојдневните рутини.

Тоа најчесто значи патувања на омилени дестинации, посета на роднини и пријатели, прошетки,…

Убави се тоа моменти за обновување на видно запоставената социјализација наметната од динамичниот живот.

Сите тие активности подразбираат зголемен интензитет на сообраќајот. Туристичките дестинации се посебно оптеретени, па застоите на одредени правци стануваат редовна појава.

На пат најчесто се трга со семејство или пријатели а багажникот е место каде што се носи храна и пиење на „тони“. Тоа е реалната слика на возило подготвено за пат.

Со така максимално оптеретен автомобил тргаме на пат со надеж за убав провод. Тука има една ситница на која сите забораваме – трпението! А кога тоа го нема, настапува нервозата.

Комбинацијата на (пре)оптеретено возило и нервозен возач воопшто не оди заедно со дисциплината потребна за возење во колона.

Ако на тоа го додадеме и омилениот национален спорт – непочитување на правилата и прописите – ете го несреќниот микс кој свесно или несвесно, ама масовно го практикуваме.

Како реузлтат го добиваме она што најмаку го посакуваме – сообраќајни незгоди. Потоа следат шокови, оправдувања, неверување, повикување на виши сили,…

Во побезболната варијанта говориме за расипување на планираниот провод и предизвиканата материјална штета.

Најнепосакуваниот расплет е предизвикување на повреди, и она најлошото што баш и не сакаме да го спомнеме, а сепак се случува.

Затоа почитувани возачи, памет во глава, без потпаѓање под адреналински влијанија и впуштање во ризични маневри.

Имајте на ум дека претпазливоста ви е одличен придружник. Почитувајте ги сообраќајните услови и останатите учесници во сообраќајот. Така највеќе ќе си помогнете самите на себе.

 

 

текст: Агрон Сулејман

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг