СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mercedes GLE добива дизелски мек хибриден систем

 

Можеби загадуваат малку повеќе од бензинците и многу повеќе од хибридите, но на дизелите никој не може да им ја оспори економичноста.

Заради тоа, колку и светот да е против нив, барем декларативно, Mercedes реши да ги почитува желбите на купувачите и да не го отпишува предвреме развојот на дизелите.

Резултатот е спакуван во каросеријата на добро познатиот GLE, кој сега доби нова варијанта со стара ознака 300d 4Matic и дизел мотор опремен со мек (mild) хибриден систем.

Основата е четирицилиндричниот дволитарски OM 654, сега со интегриран стартер-генератор од втората генерација, кој испорачува максимални 272 KS.

Со него овој SUV чија цена е поставена на 75 илјади евра ќе постигне максимални 230 километри на час и забрза до 100 km/h за спортски 6,8 секунди.

Според спецификациите ќе потроши просечни меѓу 5,8 и 6,3 литри дизел на 100 km и ќе испушти во атмосферата од 152 до 166 g/km CO₂.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот