СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Mazda MX-30 и како благ хибрид

Откако започна со продажба во Европа, Mazda го понуди MX-30 и во Јапонија, но само како благ хибрид.

Доозначен како e-Skyactiv G, овој кросовер комбинира дволитарски атмосферски бензинец со мал електромотор од 5,1 kW и 24-волтна батерија.

На располагање на купувачите ќе им биде во верзии со погон на две или четири тркала, по цена која се движи меѓу 19.500 и 27.300 евра.

Mazda го нуди MX-30 во Европа со електромотор од 143 КС и батерии од 35,5 kWh кои му обезбедуваат автономија од само околу 200 km, по цена од 34 илјади евра во Германија.

Електричната верзија на MX-30 во Јапонија ќе се појави идната година, а Mazda очекува за благиот хибрид да се заинтересираат само илјада купувачи месечно.

Најинтересната верзија се очекува во 2022 година. Наменски замислена за американскиот пазар, таа ќе има мал ротационен мотор кој ќе произведува струја кога батериите ќе се испразнат.

Плановите за лансирање на Mazda MX-30 e-Skyactiv G и на други пазари надвор од Јапонија сé уште се кројат.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот