СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Maserati MC20 Cielo [3*видео]

 

Maserati ја претстави топлес изведбата на суператрактивниот MC20 наречена Cielo, што на италијански значи небо.

Со тоа сé е кажано освен дека неговиот преклоплив покрив е стаклен со функција на затемнување, со притисок на копче.

Целиот процес на отворање или затворање на панелот на покривот на Maserati MC20 Cielo кој е производ на Webasto, трае само 12 секунди.

Системот има и една маана – кога покривот е склопен, 3,0 литарскиот V6 битурбо кој располага со 630 коњски сили, не се гледа.

Спринтот до 100 km/h трае 3 секунди, додека стрелката на брзинометарот ќе застане дури на 320 километри на час.

Цената не е објавена, но треба да се има предвид дека купето чини 210.000 евра.

 

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео