СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Maserati Grecale и официјално [3*видео]

 

Откако минатата недела ги најави своите планови за електрификација, Maserati денес го претстави долго очекуваниот SUV модел Grecale.

И да, и тој, како и сите други модели, ќе има свој електричен пандан кој треба да пристигне идната 2023 година.

Тие ќе бидат обединети под заедничкиот назив Folgore како што ќе се вика електричниот асортиман на марката.

Што се однесува до бензинскиот Maserati Grecale, на врвот на понудата е Trofeo верзијата со 3,0 литарски твин-турбо V6 мотор со 523 KS.

Со овој мотор кој има систем за деактивација на цилиндрите, Grecale постигнува максимални 285 километри на час, а до 100 km/h забрзува за 3,8 секунди.

Во гамата се уште и GT и Modena верзиите со 2,0 литарски четирицилиндричен mild-хибриден агрегат со 296 односно 325 коњски сили.

Помал од Levante, овој SUV е базиран на Giorgio-платформата која се користи и кај Alfa Romeo Stelvio, а ќе се произведува во фабриката Касино во Италија.

Меѓу другите ќе му конкурира и на Porsche Macan, а пазарното деби ќе го има во третиот квартал годинава.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео