На Auto Shanghai 2021, Lynk & Co еден од брендовите на групата Geely го претстави „09“ својот најнов SUV кој е изграден врз идентична платформа како Volvo XC90 – првичните информации говорат само за PHEV верзија.
Добивајќи големо внимание од дизајнерскиот тим на Lynk & Co, кај „09“ светлата се поставени високо со истовремено ниско поставена решетка која е дизајнерска одлика на марката. Високите бочни линии јасно ја означуваат двоволуменската димензија на возилото.
Иако деталите сеуште не се објавени, се очекува механичка група во целост да биде преземена од XC90 T8 AWD Recharge кој има вкупна системска моќност од 386 КС кои се испорачуваат од турбо бензинецот кој доаѓа во комбинација со електричен мотор од 65 kW.
Енергијата се црпи од батерија со 11,6 kWh која е сместена во цетралниот тунел во кој кај механичките изведби е сместен преносот на задните тркала.
Во гамата на Lynk & Co која започнува „01“, моделот „09“ е до сега најголемиот SUV. Инаку сите модели на кинескиот бренд се изградени врз платформи на сестринскиот Volvo. И двата бренда ги спојува матичната компанија Geely – кинезите ја купија шведската компанија во 2010 година.
Во февруари годинава Geely и Volvo објавија дека ќе ги соединат своите капацитети за погонски единици во нова компанија дизајнирана да ги снабдува бројните брендови на Geely. Компанијата ќе произведува мотори со внатрешно согорување, менувачи и двомоторни хибридни системи од следната генерација.
Lynk & Co 09 ќе се произведува во фабриката, Меишан во Кина, кoе ќе започне со работа кратко време по неговото деби на Auto Shanghai 2021 оваа недела.