СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Volkswagen Polo – обновен, ама како нов

 

Volkswagen ги објави првите информации за обновениот Polo, кој во ова актуелна шеста генерација е на пазарот од 2017 година.

И покрај силната конкуренција во оваа класа, Volkswagen Polo се продава одлично, но за да остане така мораше да биде обновен.

Без изненадување, како и што се очекуваше, Polo доби нов лик со кој многу заличе на поголемиот свој брат, Golf.

Напред изменети се светлата кои се LED (а опционално и адаптивни Matrix), дотерана му е маската, браникот е нов, а назад светлата се поголеми.

Во внатрешноста корекциите се во поглед на следење на трендовите со унапреден инфозабавен систем од 9,2 инчи и дигитална инструмент табла, материјалите се поквалитетни и нов е мултифункционалниот управувач.

Пакетот безбедносни и системи асистенција на возачот е збогатен, а листата опционални додатоци дополнително проширена.

На почетокот на продажбата во гамата ќе се најдат 1,0 литарски мотори со 80, 95 и 110 коњски сили, а покасно понудата ќе биде проширена, но не и со дизел мотори.

Продажбата стартува во септември, по цени кои во Германија ќе изнесуваат нешто помалку од 16.000 евра.

Од 1974 година досега Volkswagen има продадено повеќе од 18 милиони примероци на Polo, кој изворно се појави како ребрендирана верзија на Audi 50.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV