СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Lynk & Co 01 подготвен за освојување на Европа, но на поинаков начин (видео)

Првиот кинеско-шведски SUV настанат од Volvo но под капата на Geely веќе е подготвен за настап на европскиот пазар.

За гамата на Lynk & Co која истовремено е дел од портфолијата и на Geely и на Volvo слушавме многу минатиот период, но дојде време да ја видиме и во живо.

За почеток само во Холандија и само SUV-моделот со генеричка ознака 01, кој овој месец ќе биде лансиран со хибридни погонски единици и поинаков ентериер од кинеските верзии кои се во продажба во 2017 година.

Интересно за европските купувачи е и тоа дека тој пред да се купи ќе може да се добие на пробно користење од еден месец со еден вид „членство во клубот” кое чини 500 евра и може да се откаже.

Овие трошоци вклучуваат и осигурување и одржување, а учесниците во програмата ќе имаат можност да ги намалат трошоците со споделување на своите возила со другите преку посебна апликација.

Lynk & Co е еден од најамбициозните обиди на автомобилските компании да понудат алтернативи на сопственоста, бидејќи досегашните резултати се измешани.

Porsche неодамна ја прошири својата претплата во САД, а Mercedes го повлече пилот-проектот што го започна пред две години. GM претходно оваа година го затвори својот бизнис за споделување Maven, а Volvo нуди услуга за претплата наречена Care by Volvo.

Lynk & Co 01 сепак ќе може да се купи во Европа, а цените ќе бидат објавени дополнително. Првите испораки на кинескиот SUV ќе бидат на почетокот на април.

Оригиналниот деловен план на Lynk & Co предвидуваше 01 да се произведува заедно со XC40 во Гент, Белгија, почнувајќи од минатата година. Но до реализација не дојде бидејќи Volvo мораше да ја реконфигурира својата глобална производствена мрежа како одговор на трговските бариери. И двете возила ја користат заеднички развиениената CMA платформа на Volvo и Geely.

Покрај новиот ентериер, 01 е прилагоден за европскиот пазар и со рестилизиран преден дел и со погонските единици. Тој ќе се нуди како стандарден хибрид со бензински мотор со 143 КС и електромотор со 50 КС и како плаг-ин со 180 КС и електромотор со 75 КС кој ќе има електрична автономија од скоро 70 km.

Ќе доаѓа стандардно со целосен пакет асистенција на возачот и забавна и безбедносна опрема, вклучително и системот за паркирање без раце, за предупредување за слепите агли, стерео аудио со 10 звучници, адаптивно управување со темпомат и одржување на лентата на возење, како и со камера која им овозможува на патниците да ги снимаат своите патувања или пак да направат селфи.

Подвозјето му е прилагодено на европските патишта и според барањата на европските купувачи, а безбедносната опрема е според стандардите на ЕУ.

Во тој поглед влијание ќе има и фактот дека директорите на Lynk & Co намерно ги ограничуваат опциите на 01 за да ги олеснат испораките – купувачите (или членовите на клубот) ќе можат да бираат возило со еден од двата хибридни погонски агрегати и со темно сина или црна боја.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот