СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Kia Stonic оплеменет со GT-Line верзија

 

Најмалиот кросовер на Kia добива GT-Line верзија која со изгледот силно асоцира на спортски имиџ, но што е уште поважно нуди содржина од повисоките категории.

После три успешно проведени години на пазарот, Kia реши да го освежи суб-компактниот кросовер Stonic со GT-Line верзија која ги опфаќа естетските промени но вклучува и сериозни интервенции во понудената технологија.

Младата популација која ги сака двобојните каросериски комбинации на бои ќе може да бира помеѓу бројните понудени опции.

За дополнување на спортскиот впечаток тука се и новите елементи на предната маска, потоа 17 инчните бандажи со нов дизајн, се до задниот дел на кој покрај големиот спојлер, доминираат двете визуелни отвори за издув.

Нови спортски елементи има и во ергономски организираната внатрешност.

На командната табла е поставен екран со големина од 4,2 инчи а на централната конзола на големиот 8-инчен LCD може да се отчитаат сите релевантни информации.

Во втората фаза од животот на Kia Stonic, секој од вградените системи е унапреден, а како илустрација може да послужи навигацијата која сега ќе ве одведе до саканиот објект и покрај тоа што можеби ќе го паркирате возилото подалеку од него.

Нови мотори и …

Без никаква дискусија, предложените визуелни промени создаваат перцепција на зрело и доработено возило. Тоа може лесно да се забележи и од приложените фотографии.

Но, големите технолошки промени се кријат во механичката секција која останува добро сокриена под блескавиот лим.

За Kia Stonic GT-Line е предвиден само 1.0 –TGDi трицилиндерски бензинец со 100 или со 120 КС. Иако звучи прилично познато, сепак се работи за целосно нов мотор кој ја заменува старата KAPPA генерација и ја започнува ерата на Smartstream моторите.

Разликата се прави во можноста посилната верзија да може да се комбинира со 48-волтна Mild Hybrid технологија. За да се даде посебен акцент на оваа еколошка синергија, Kia одлучи да и додели посебно име – EcoDynamics+.

… Mild Hybrid технологија

Стартер-мотор единицата врзана е преку ремен за коленестото вратило и при забавување или сопирање генерира електрична енргија која ја складира во сетот литиум-јонски батерии. Поважната улога следува кога ќе се појави потреба од забрзување при што таа испорачува додаден вртежен момент растеретувајќи го така бензискиот мотор.

Резултат: помала потрошувачка, односно пониска вредност на емисијата на штетни госови.

И сега доаѓа механичкиот шлаг на технолошката торта. За Stonic GT-Line е резервиран менувач со „clutch-by-wire“ спојка кој отсега ќе го препознаваме според ознаката iMT (intelligent Manual Transmission). Втората опција е опремување со познатиот 7DCT – автоматски менувач со двојна спојка.

Како што кажува самото име iMT, тоа е спојка која се активира по електронски (значи, безжичен пат) и претставува решение кое е поефикасно од рачен менувач а воедно и поевтина варијанта од автоматска трансмисија.

Судејќи според ефикасноста, оваа техникалија бездруго ќе ја гледаме и во останатите модели од гамата на Kia.

Во делот на опремата, можеме сега да набројуваме кои сé комбинации ги осмислиле стратезите, но сепак, само ќе кажеме дека слободно можете да го погледнете списокот на опрема вграден во некој од врвните модели на Kia и да го пресликате во Kia Stonic GT-Line. Нема да има никакви разлики.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот