СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Uncategorized

Link & Co 01: Нов кинески бренд подготвен за европски настап (ВИДЕО)

 

Link & Co, новиот кинески бренд во сопственост на Geely, конечно се подготвува за европски настап. Првиот модел на компанијата носи симболично име, „01“.

Volvo веќе цела деценија е во соптвеност на кинескиот автомобилски гигант, Geely Holding Group.

Очигледно рекордните продажни резултати кои ги постигнува шведскиот производител создаваат одлични предуслови за равој на паралелен бренд кој би користел веќе развиени технолошки решенија, а би се нудел по далеку поповолни цени.

Одличниот спој на шведскиот know-how и кинеската рационалност резултира со создавање на нов бренд – Link & Co.

Се разбира, кинеските сопственици нема со тоа да дозволат братска војна, туку ќе создадат производи кои ќе имаат сопствен идентитет, и можеби најважното, ценовно ќе бидат позиционирани многу пониско отколку дарителот на технологијата.

Иако моделот Link & Co 01 е претставен пред цели три години, поради ним познати причини, европската премиера на Link & Co е закажана дури сега, односно за следниот септември.

Честа да го пробива европскиот конзервативен лед му припадна на моделот, неинвентивно наречен, 01.

За разлика од името, карактерот на 4.5 метарскиот SUV ќе користи многу напредна технологија. Како одличен пример послужил Volvo со екстра успешниот, XC40.

Link & Co 01 е изграден врз корпорациската CMA (Compact Modular Architecture) платформа ќе носи трицилидерски (1.5 литри) и четирицилиндерски (2.0 литри) бензински турбо мотори, а предвидена е PHEV верзија како и целосно електричен погон.

Погонот (само) на предната оска може да се одвива преку мануелец со шест  како и преку DCT-автоматик се седум степени на пренос.

Главната разлика со европскиот оригинал се прави во конективните можности.

Link & Co 01 освен што ги подржува системите на постоечките мобилни мрежи, има и сопствена платформа за податоци, потоа сопствена архива на апликации и сопствен Cloud.

Од централата на Link & Co во Гетеборг е најавен и првиот салон кој од септември ќе биде отворен во Амстердам. Нема сомнеж дека мрежата ќе се отвара со забрзано темпо.

 

 

текст: Агрон Сулејман

фото&видео: Link & Co

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Uncategorized