СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Lexus RX, петта генерација [видео]

 

Lexus како луксузна марка на Toyota премиерно го претстави RX во 1998 година, од кога низ четирите моделски генерации продаде скоро 3,5 милиони примероци.

За да го продолжи успехот на овој SUV модел, Lexus неговата петта генерација ја подготви на нова платформа, со нови погонски агрегати и нов дизајн.

Помалку контроверзен, овој еволутивен „вретенест“ дизајн со трапезната маска, профилираните бокови и лебдечкиот покрив кој во благ лак се спушта кон задниот дел на новиот RX му дава спортски изглед.

На задниот дел доминираат интересно обликуваните светла споени со светлосна линија, а во внатрешноста владее нов ергономски дизајнерски правец.

Како механичка основа ја користи GA-K верзијата на глобалната платформа на Toyota која уште се среќава и кај RAV4, Highlander, NX и другите поголеми модели.

Нејзина заслуга е намалувањето на тежината за 90 kg и зголемувањето на меѓуоскиното растојание за 60 mm, што директно влијае  на динамиката на возење.

Најмногу за тоа сепак е заслужна новата понуда на погонски агрегати сочинета од еден бензинец и три хибриди, од кои два се потполно нови.

Најсилниот има 2,4 литарски хибриден бензински мотор за предните и дополнителен електромотор за задните тркала со вкупна системска моќност од 371 коњска сила.

Плаг-ин хибридниот модел е сочинет од бензински мотор со работна зафатнина од 2,5 литри електромотор со вкупни 306 KS и батерија со капацитет од 18,1 kWh која овозможува автономија од 65 km.

Во понуда останува и веќе познатиот 2,5 литарски самополнечки хибрид со 245 коњи, а бензинската верзија располага со 2,4 литарскиот мотор со 279 KS.

Според првите најави, новиот Lexus RX ќе се појави на пазарот пред крајот на годинава.

 

 

 

 

 

 

 

Реклама

Интересно

Повеќе од Видео