СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Kia Xceed: Со нов кросовер до најбогата гама

Ceed семејството од денеска е побогато за уште член – службено е претставен Xceed кој претставува спој на компактен автомобил и класичен SUV.

Kia сериозно се занимава со „Ц“ сегментот. Покрај основниот Ceed тука е и неговата караванска изведба, потоа целосно новиот Proceed, SUV претставникот Sportage, и сега најновиот Xceed.

Користејќи ја заедничката платформа, новиот член на семејството е пократок и понизок од Sportage но затоа подолг и повисок од Ceed.

Со тоа потполно го заслужува епитетот CUV (Crossover Utility Vehicle) што за корејците значи отварање на нова, стилски доработена класа.

Од првите службени фотографии може да се забележи значајно отстапување од облиците на своите блиски роднини, но сепак елементи на препознатлива припадност кон семејството се дискретно присутни.

Се чини дека внатрешноста е поле на кое новакот прави најголем исчекор во однос на моделите од кои потекнува. Таблата со инструменти е во целост дигитализирана, вградената опрема е врвна а материјалите грижливо одбрани.

Во Xceed ќе се вградува серија од турбо мотори, вклучувајќи ги 1.0 T-GDi, 1.4 T-GDi и 1.6 T-Gdi со распон на силина од 120 до 204 КС. Дизелската чест ќе ја бранат двете верзии на 1.6 CRDi моторот со 115 односно 136 КС.

На европскиот пазар новиот Xceed ќе се појави на есен, а судејќи според покажаниот интерес, кај нас би можел да пристигне со некој месец задоцнување.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV