СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Kia Stonic освежен со нови технологии

 

При крајот на годината во салоните ќе се појави освежениот Stonic кој ќе биде оплеменет со 48-волтен mild hybrid, менувач од типот clutch-by-wire и серија безбедносни асистенции.

Три успешни години на пазарот и продажба на над 150 илјади примероци се одлични преференции за освежување на некој модел. Kia со Stonic тоа го прави повеќе суштински отколку естетски.

Во надворешениот и внатрешниот изглед интервенирано е минимално, така да остануваат сите решенија кои одлично беа примени од купувачите. Главна новина е вградувањето на нов 8-инчен екран на мултимедијалниот систем кој се командува на допир.

Суштинските промени се сокриени под (сеуште) привлечно скроениот лим на корејскиот SUV од „Б“ сегментот.

Голем еколошки пробив се прави со имплементирањето на „mild hybrid“ технологијата која функционира на 48 волти. Тоа значи дека системот алтернатор-генератор преку ремен е поврзан паралелно со работната оска.

При градскиот старт-стоп режим, системот го става моторот во погон додека при сопирање и при појава на инерцијални сили тој генерира електрична енергија која ја складира во батеријата со зголемен капацитет.

Таа енергија потоа може да се користи при тргнување како и при зголемена потреба од моќност, а се во зависност од моменталната состојба на батеријата. Се смета дека системот може да заштеди и до 20% гориво, што мора да признаеме е цифра која заслужува полна почит.

Покрај овие надградби, тука се и новите високо-технолошки напредни системи за помош на возачот. Отсега Stonic доаѓа со стандардни LKAS – систем за одржување на возилото во лента и FCA – систем за избегнување на фронтален удар.

Од друга страна, неодамна промовираниот новитет е интелигентна трансмисија наречена, clutch-by-wire. Во суштина говориме за нов тип на менувач кој е поставен помеѓу мануелната (според принципот на работа) и автоматската трансмисија (според начинот на употреба).

Интелигенцијата се состои во тоа што нема механичка поврзаност помеѓу спојката и менувачката кутија туку тоа сега се прави со помош на „жица“ и електромотор. Во моментот кога ќе се притисне папучата на спојката, менувачот веднаш е подготвен за промена на степенот. Ефикасно, едноставно за употреба и решение кое нема да ја оптерети цената.

Новиот Kia Stonic во Европа се очекува во продажба во текот на четвртиот квартал од годинава, и како сите останати модели на Kia, доаѓа со 7-годишна гаранција или 150.000 километри.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот