СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Kia K8 – модерна и иновативна лимузина [видео]

 

Откако пред нешто повеќе од еден месец го претстави, Kia сега ги објави и деталите за својот најнов модел K8.

Оваа модерна и иновативна лимузина долга нешто над пет метри доаѓа како замена за Cadenza, која на некои пазари е позната како K7.

Во продажба ќе се најде веќе од наредниот месец, но само на одбрани пазари, меѓу кои скоро сигурно нема да биде и Европа.

Комбинирајќи ги врвните иновации и динамичните перформанси за да воспостави нови мерила за квалитетот на своите модели во овој сегмент, Kia со K8 истовремено продолжува со подмладувањето на марката.

Инженерингот е вткаен во нејзината основа преку четири погонски агрегати развиени да испорачаат профинето возење со многу сила, малку гориво и ниски емисии на штетни гасови.

Најсовремен е 3,5 литарскиот Smartstream кој се нуди во две верзии – GDi (на бензин) со 300 KS и 359 Nm и LPi (на течен пропан) со 240 KS и 314 Nm.

Достапен е и 2,5 литарски GDi мотор кој испорачува 198 KS и 248 Nm, кој како и поголемиот агрегат има технологија на двојно вбризгување за остварување на оптимизирана работа во сите режими.

Подоцна во текот на годината K8 ќе биде освежен со наградедниот 1,6 литарски T-GDi мотор, за кој засега не се објавуваат спецификациите.

Ќе се испорачува и со новоконструираната осумстепена автоматика, а поскапите верзии ќе имаат и погон на сите тркала.

Прогресивна и модерна е и внатрешноста во која преовладува луксузната нота, а опременоста е над нивото на европските конкуренти.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот