СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Тестови

Kia Ceed 1.4 MPi: Автомобилски национални интереси

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: KiaCeedTest not found

 

Новата, трета по ред генерација на Ceed е одличен доказ дека по пристапна цена суште може да се набави возило наменето за задоволување на универзалните семејни потреби.

Веќе стана пракса – новите модели доаѓаат со значително зголемени цени! Производителите своето однесување го правдаат со задоволување на сé построгите еколошки норми, како и со зголеменото ниво на безбедносна опрема која се вградува уште во стартните верзии.

Бројни се примерите на нови модели кои за 20, 30 па дури и повеќе проценти ги надминуваат цените на нивните претходници.

Колку и да сакаме да ја прифатиме оваа реалност, нашите буџети жестоко се противат со логиката на неможност да се пратат овие текови.

И токму во моменти кога се чини дека нема шанси да се пазари возило од овој сегмент, се појавува Ceed кој во нова моделска изведба сеуште задржува коректна и фер цена.

Да бидеме директни, во услови кога на пазарот веќе присутните Golf, Astra, Megane, Leon, 308, Civic, се нудат со почетни цени над 16К, кога веќе пристигнуваат новиот Focus и Corolla, и кога за догодина е најавен Golf Mk8, сите одред со цени кои опасно претат да ја надминаат втората десетка, станува јасно дека најпопуларниата класа (Ц-сегментот) станува недофатлива за најголемата купувачка категорија.

И токму во такви услови се појавува Ceed кој во својата основна (прилилно богато скроена) верзија со бензинец од 100 коњи чини неполни 14 илјадарки.

Да не располагаме со огромни количини од надалеку познатиот балкански скпетицизам, не би морало многу да се објаснуваме околу поволноста на оваа понуда. Но бидејќи сме „веро балканци“ принудени сме да докажуваме со факти.

 

Проверено и унапредено

Тоа што највеќе ја подига цената секако се новите еколошки мотори. Целата гама која се нуди во Ceed ги исполнува Euro 6d Temp стандардите кои на сила стапуваат догодина во септември.

Во оваа група влегува и едиснтвениот MPi мотор од 1.4 литри со округло 100 КС кој функционира во соработка со 6-степенска мануелна трансмисија.

Тој ни е стар познаник но за приликава е еколошки упристоен и со стандардниот Stop/Start систем успева најтешкиот скопски метеж да го совлада со 7.5 литри гориво за секои 100 км. Од механичката основа би ги споменале и растојанието помеѓу оските од 265, задната мулти линк оска, сетот од гасни амортизери, и се развбира, чеитирите диск сопирачки.

 

При возење

Kia Ceed вози мазно во сите режими на работа. Тоа наследство го влече уште од првата генерација (2007 година) која за корејскиот производител значеше влез во повисока фаза на развојот. Сите седечки позиции се димензионирани спрема европските купувачи (Ceed се нуди само во Европа), односно прилично комотно, багажникот собира, за класата, просечни 395 cm3, а динамиката е солидна.

Тука ќе ја истакнеме потребата за навикнување на работата на моторот кој е мапиран малку необично. При тргнување потребно е „набивање“ на вртежи за да се разбуди моторот. Потоа моторот испорачува доволна количина на вртежен момент за течно возење, но уште еднаш ќе итакнеме дека за совладување на овој невообичаен карактер потребно е извесно време на взаемно почитување.

Крајната брзина и забрзувањето во голема мера ќе ги задоволат семејните возачи. Поготово кога се говори за оддржување на патни брзини помеѓу 120 и 140 км/ч кога возењето тече меко и без никаков замор.

 

Опрема, гаранции, амбиции

Втор сегмент на кој се трошат развојните пари, секако е современата опрема. Од прилично долгиот список на сериска опрема ќе ги споменеме присуството  на системите за контрола на тргнувањето, тракцијата и сопирањето, заедно со стандардните 6 воздушни перници.

Потоа тука се мануелниот клима уред, електриката на врати, прозорци и ретровизори, квалитетен аудио систем со слика од задната камера за паркирање, дневни LED светла, магленки напред и назад, и уште „мал милион“ други корисни дребулии.

Кому сето тоа не му е доволно, преминот во следно ниво (тестното возило) ќе го чини додатни 2.000 евра, сума во која влегува радар кој обезбедува функционирање на опрема од калибарот на самостојно одржување на коловозна лента, автоматско сопирање, 16 цолни алуминиумски тркала, пиано-блек декорации, …

Гаранциите се одамно апсолвирана тема кај Kia. Тие изнесуваат седум години и тоа е стандард кој во иднина може само да биде надограден.

И на крајот наместо наш заклучок ќе цитираме една наша пријателка која имаше прилика да се повози со тестираниот модел: „Па ова треба да му е достапно на секое наше семејство“. На оваа искрена и реална констатација нема што да додадеме. Kia си го кажа своето, на ред се институциите кои се грижат за безбедноста, здравјето и чистиот воздух што би требало да го диши нацијата.

 

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

мотор   …………………………  бензиски, 4 цилиндри, 1.394 ccm, MPi, 16 вентили, Euro 6d Temp

макс. силина  …………………  73.3 kW / 100 КС @ 6.500 (врт/мин)

макс. вртежен момент  ……..  134 Nm @ 3.500 (врт/мин)

димензии  ……………………..  4.310 x 1.800 x 1.447 (mm)

макс. брзина  …………………  183 км/ч

забрзување  0-100 km/h  ……  12.7 сек.

тежина на празно возило …..  1.325 kg

комбинирана потрошувачка ..  6.2 л/100 км (CO2 – 151 g/km)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Тестови