СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Kia подготвува стилски кросовер врз база на Ceed

 

Кога се развиваше првиот C’eed пред речиси 15 години, малку кој се надеваше дека на таа платформа ќе бидат развиени толку каросериски варијанти.

Во моментов на сцена е третата генерација на Ceed која никого во Европа не остава рамнодушен. Најмалку конкуренцијата.

Компактот развиен во Европа и наменет за европските купувачи сега се нуди во хечбек, караванска, спортска GT варијанта (Proceed), а јасно е дека и мега популарниот SUV, Sportage, исто така своите корени ги наоѓа во класичниот Ceed.

Како тоа да не им беше доволно на дизајнерите, па сега како најново нивно остварување се најавува стилски кросовер кој би требало да ја заокружи целата гама.

Првите дизајнерски најави веќе се пуштени во оптек што ни дава надеж дека и сериската изведба ќе пристигне пред крајот на годината. Да, до тогаш ќе попричекаме и на официјалното комерцијално име.

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV