СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Kia мисли за сопствениците на електрични возила

Со лансирањето на својот јавен сервис за полнење наречен KiaCharge, корејскиот производител ќе им го олесни животот на сопствениците на електрични и плагин хибридни возила во Европа.

Тој е замислен како интегрирана услуга со која се нуди едноставно користење на, како велат, најголемата мрежа за полнење во цела Европа која располага со околу 160.000 AC и DC полначи.

Со користење на картичка или апликација, сопствениците на електрични и плагин хибридни возила од марката Kia можат да ги користат овие полначи без потреба од дополнителни договори со други даватели на услуги.

Плаќањето ќе се извршува преку збирна месечна фактура.

Тие исто така ќе имаат преглед на сите информации за полначите – локациите, цените за полнење и достапноста доколку провајдерот на услугата го овозможува тоа.

KiaCharge сервисот ќе биде достапен во седум европски земји – на почетокот во Италија, Полска и Шпанија, а подоцна и во Австрија, Франција, Германија и Швајцарија, со планови за понатамошно ширење.

Истиот сервис ќе им биде достапен и на сопствениците на електрични и плагин хибридни возила од марката Hyundai, под името Charge myHyundai.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV