СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Јапонските директори лути на британската влада

Toyota и Nissan имаат намера да побараат оштета од Велика Британија доколку не се склучи договор за трговски режим со ЕУ пред крајот на годинава.

Тоа за нив би значело 10 отсто царина за автомобилите што ќе ги извезуваат, зголемени за износот на трошоци за царинска контрола и административните работи.

Тие во повеќе наврати беа јасни – едностран Брегзит ќе ги влоши условите за работа и ќе ја загрози профитабилноста, заради што ќе мора да ја преиспитаат одржливоста на своите инвестиции таму.

Британската влада заглави со трговските преговори со ЕУ околу процентот на локализација за некој производ да се смета за британски за да не се царини.

Британците инсистираат а Европската администрација не прифаќа во тој процент да влегува и вредноста на деловите произведени во земји кои не се членки но имаат бесцарински договори со ЕУ.

Инаетливоста продолжува иако истекот на преодниот период се ближи, до тој степен што премиерот Борис Џонсон изјави дека и да не се склучи договор, Британија може да се справи со таков исход.

Toyota и Nissan во Велика Британија ги произведуваат Corolla, Qashqai, Juke и Leaf. Honda го произведува Civic, но заради други причини идната година ќе ја затвори фабриката и ќе го пренесе производството во Јапонија.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV