СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Тестови

Jaguar XE 2.0 d: Успешно пренесување на благороднички гени

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: JaguarXETest not found

 

Мерено според големина класичните лимузини на Jaguar се бележат со XE, XS и XJ. Ние поминавме неколку денови со најмалиот модел опремен со дизелкси агрегат од 180 КС, погон само на задната оска и ниво на опрема, Prestige.

Со Jaguar XE 2.0 d ова не ни е прво тестно дружење. При промоцијата на моделот пред речиси три години имавме прилика детално да се запознеме со безмалку идентичен модел (опремата беше поинаку конципирана).

Тогаш, како и сега, првиот впечаток ни беше икслучително поволен, поготово бевме изненадени од динамиката. Од сруга страна, факторот изненадување никако не можеме да го поврземе со појавата на XE – од сите агли се забележува сината крв која тече низ вените на автомобилската аристокрација.

Дали во меѓувреме, избомбардирани со серија конкурентски модели, можеби ги сменивме критериумите? Не никако, напротив, само ни се потврди првичниот впечаток за трајните вредности кои ги гради британскиот производител со индиски газди.

Ако само погледнеме во временскиот ретровизор ќе видиме дека во педесетите само Mercedes-Benz (SL 300 Gullwing) можеше рамноправно да се натпреварува со фамозниот, Jaguar XK. Останатите конкуренти кои денес се удираат во гради со своите премиум возила, опстануваа со помош на една Isetta (BMW), или пак воопшто не постоеја во денешен облик (Audi). За далекуисточната конкуренција таа перспектива претставуваше далечна иднина.

Ако пак традицијата во производство на супер спортско-луксузни возила не ви значи ништо, тогаш слободно купете си некој од новите брендови, и уживајте во новите технологии.

А тие ги има во изобилие и во новите модели на Jaguar Land Rover, вклучувајќи го тука и нашиот тестен модел. Да се позанимавеме накратко со механичката основа.

На меѓусокино растојание од поприлични 2.835 mm поставени се тркала кои со каросеријата се поврзани со двојни триаголни рамиња, Карактеристични само за еклсклузивните модели.

Голем дел од елементите на ослонувањето се изработени од алуминиум така да неамортизираните маси се сведени на минимум. Преведено на лаички тоа би значело голема стабилност при екстремни услови.

Додајте ја кон оваа конфигуарција и можноста за селекција на карактерот на возилото, кое се прави преку модулирање на одзивот на педалот за гас, потоа со подиректен однос на управувачот, работата на амортизерите и тајмингот на менување на степените на пренос (8-степенски автоматик), и на крајот ќе го добието одговорот зошто комбинацијата на традиција и нови технологии не звучи така празно како што е тоа голата примена на разно разни електронски додатоци декорирани со еден куп евтини LCD екрани.

Во оваа приказна совршено се вклопува и моторот со 180 КС. Тој е позициониран помеѓу базниот со 150 и екстремниот со 240 КС, сите дволитарски експоненти. Мек во возење, без никави несакани гапови, и пред се исклучително штедлив во однос на потрошувачката.

И уште нешто, постигнувањето на примерните динамички својства се одвива во отсуство на вибрации или било какви звуци. На ова поле точно се надзира целната група за овој модел – господа кои не прават компромиси со сопствениот имиџ.

На останатите скороевичи на располгање им стојат „мал милион“ други модели од сега веќе развиканите брендови.

Дали се прави разлика помеѓу тие модели, и да речеме овој Jaguar? Свртете едно кругче и ќе забележите како и лаиците ја согледуваат разликата. Ова сепак е нешто друго!

 

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

мотор   …………………………  Diesel со 4 цилиндри, 1.999 ccm, турбо, 16 вентили, Euro 6

макс. силина  …………………  132 kW / 180 КС @ 4.000 (врт/мин)

макс. вртежен момент  ……..  430 Nm @ 1.750 – 2.500 (врт/мин)

димензии  ……………………..  4.672 x 1.850 x 1.416 (mm)

макс. брзина  …………………  228 км/ч

забрзување  0-100 km/h  ……  7.9 сек.

тежина на празно возило …..  1565 kg

комбинирана потрошувачка ..  4.8 л/100 км.  (CO2 – 122 g/km)

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Тестови