СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Hyundai Santa Fe: Горд предводник на SUV семејството (видео)

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: HyundaiSantaFe not found

 

Четвртото издание на SUV-знаменосецот на Hyundai доаѓа со нова платформа, современ облик и мноштво безбедносна технологија.

Santa Fe пред 17 години ја отврори приказната за SUV моделите на Hyundai. Од тој момент па се до сега корејскиот бренд на пазарот пласираше 1.6 милиони примероци од кои четвртина отпаѓаат токму на најистакнатиот претставник, Santa Fe.

Земајќи го предвид одличниот имиџ кој го уживаат производите, четвртата генерација, Hyundai ја сместува во средина на луксузните SUV-ови. Ова позиционирање потпора наоѓа во вискоките стандарди користени при изработката, новите маханички решенија, напредните безбедносни системи, примерната просторна понуда, …

 

 

Еден бензинец и три дизели

Дали некој можеби очекуваше поразличен однос на понуда помеѓу бензиски и дизел агрегати? Сепак инженерите на Hyundai решија да му пркосат на моментумот – дизелот од два литра е на располагање со 150 или 182 КС, а за десетина посто поголемиот примерок (2.2 литри) испорачува точно 200 КС.

Засега единствениот безнинец, од 2.4 литри, испорачува 185 КС. Убавината на моторната понуда се состои во фактот што сите одред ги исполнуваат Euro 6d Temp стандардите кои стапуваат на сила од септември 2018.

Сите мотори се комбинираат со мануелен менувач од 6 или пак со новиот автоматик со 8 степени на пренос. Интегралниот пренос е целосно нов и отсега ќе се препознава по комерцијалната ознака HTRACK, при што првата буква е преземена од името на брендот.

Во зависност од избраниот начин на возење (Comfort, Eco, Smart или Sport), задната оска може да прими од нула (Eco мод) па се до 50% (Sport мод) од вртежниот момент кој го испорачува моторот. Во пракса тоа би значело дека со избирање на еден од четирите модови за возење се избира и природата на динамичките карактеристики на возилото.

Зголемени димензии и нови технологии

Корисниците на целосно новиот SUV знаменосец на Hyundai ќе може да уживаат во зголемен комфор овозможен од зголемување на надворешните димензии – должина од 4.770 (+70), широчина 1.890 (+10) и меѓуоскино растојание од 2.765 (+65) mm.

Изработката и изборот на материјалите јасно даваат до знаење кој е поголемиот брат на Kona и Tucson кои пак во своите класи важат за исклучително квалитетни возила.

Безбедносната опрема заедно со можностите за конективност се содржини според кои се одредеува датумот на раѓање на новите возила.

На ова поле Santa Fe може да се пофали со три системи на конективност: Apple CarPlay, Android Auto како и Live Services преку кој корисникот комуницира со сервисната мрежа. Од опремата би го издвоиле и големиот „хедап“ дисплеј на кого можат да се очитуваат сите релевантни параметри на возењето, а тука е и безжичното полнење на телефоните но и сензорите поставени на задните седишта кои оневозможуваат затварање на возилото ако во него е останат патник (најчесто заборавено бебе).

Премиерно во Hyundai Santa Fe се вградува безбедносен систем кој од задната страна детектира и, во случај на опасност, автомастки го запира возилото.

Сето тоа го гледаме веќе извесно време кај поновите модели, но секогаш станува збор за предниот дел на возилото а тука за прв пат таква заштита се вградува и во задниот дел.

Се разбира и останатите безбедносни системи како што се автоматско следење на коловозната лента, сигнализација за возило во „мртов агол“, детекција на пешаци, … се на списокот на сериска и додатна опрема.

Новиот Santa Fe доаѓа со понуда на десет бои на надворешноста и три на ентериерот кои се доволна гаранција за сопствена персонализација. Исто така на избор е погон само на предната или на двете оски што во комбинација со петте мотори и двата менувачи додатно ја прошируваат понудата на луксузниот SUV на Hyundai.

 

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=9GMJoRCozV0[/tube]

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот