СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Renault Megane RS Trophy: Последниот чекор до тркачка патека

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: RenaultMeganeRSTrophy not found

 

Најспортскиот Megane доаѓа со турбо од 300 КС, автоматски или рачен менувач со шест степени, управување на сите тркала и нов издув кој обезбедува модификација на акустиката.

Кога ќе се погледнат лиферуваните фотографии, разлики помеѓу спортскиот “RS” и уште поспортскиот “RS Trophy” се минимални. Но погледот во механиката открива низа посебности на верзијата со која може да се биде конкурентен и на тркачка патека.

За тоа се заслужни „Cup“ шасијата, новиот турбо мотор од 1.8 литри и 300 КС (420 Nm), турбо полначот сместен во керамичко куќиште (се врти 200 илјади пати во минута), како и наново дизајнираниот издувен систем.

Во наследство од “RS” се пренесени и двата шестстепенски менувачи од кои едниот е автоматски со двојна спојка, како и управувањето на сите четири тркала.

Иако управувањето и на задната оска е решение кое го познаваме од поранешни модели на Renault, сепак во најспортскиот Megane тој за прв пат се вградува.

Со него се обезбедува поголема подвижност при помали брзини (задните тркала се вртат во спортивен правец од предните) и поголема стабилност при поголеми брзини кога тркалата од задната оска се вртат за одреден агол во ист правец како и предните.

Интересно е решен и издувниот систем. Механички вентил сместен во задниот лонец  освен што го регулира протокот на издувните гасови, создава и посебна акустична кулиса во зависност од вртежите на моторот и брзината.

Со тоа се отсранува секоја дилема за потеклото на возилото кое ви доаѓа во пресрет.

Ги споменавме и двата шестбрзински менувачи. Разликата помеѓу нив не се сведува само на начинот на рачно или автоматско менување, туку автоматикот со двојна спојка располага со 20 Nm поголем вртежен момент кој е добиен со поинакво мапирање на моторот.

Употребата на двокомпозитни сопирачи, заедно со 19 инчните тркала изработени од посебна легура ги олеснуваат неамортизираните маси за цели 8 kg.

Искуството на Renault во Формула1 е искористено на цела низа позиции, но дали тоа ќе биде доволно да се совладаат конкурентите кои поради зголемената силина на турбо моторите, веќе се префрлаат на користење на интегрален погон?!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот