СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

Ford Mustang Cobra Jet 1.400: Со електрика до рекорд на ¼ милја (ВИДЕО)

 

Спортскиот оддел, Ford Performance подготви електричен прототип за рушење на рекорди на четврт милја. За таа цел на располагање стои електромотор од 1.400 КС.

Драгстер трките се екстремно популарни преку големата бара. Адреналинските дози се гарантираат преку многуте децибели од моторите, чкрипењето на гумите и мирисот на бензин.

Како за најкратко време од мирување да се помине 402 метри (1/4 милја) долгата стаза, претставува голем технички предизвик за конструкторите.

Во прв план е големата количина коњски сили, можеби уште поважно, големиот вртежен момент и исто така можноста целата таа силина да се пренесе на асфалтот.

Самата трка всушност е најдобар показател за стартноста на возилата. Резултат кој се доближува до десет секунди е сон на многу професионалци и ентузијасти.

Со развојот на возилата на електричен погон се отворија нови перспективи. Ford неодамна кон семејството на спортисти го приклучи електричниот Mustang Mach-E кој според перформансите цели кон самиот врв во класата.

Сега подршката стигнува од спортскиот оддел Ford Performance Motorsports кој изработи прототип за рушење рекорди во драгстер трките.

Ford Mustang Cobra Jet е придвижуван со електричен мотор од големи 1.400 КС и уште поимпресивен вртежен момент од 1.492 Nm.

Тој „болдужерски“ момент е достапен уште од првите вртежи, а тоа е најважно за стреловит старт.

Изразено во бројки тоа би значело поминување на патеката од 402 метри за време под 8 секунди со излезна брзина која достигнува 274 км/ч. Мора да се признае, ова поприлично возбудливо звучи.

При изработка на прототиот, Ford соработува со специјализирани куќи кои се бават со трки, а извесниот исход со сериското појавување на прототипот (кој веќе на големо се тестира) ќе израдува многу лубители на драгстер трките.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот