СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Ford Focus е Автомобил на годината во Македонија за 2019

 

Од петте финалисти, Kia Ceed, Citroen C5 Aircross, Opel Grandland X, Ford Focus и Volvo XC40, Националното стручно жири најголем број поени додели на четвртата генерација на Ford Focus.

Носител на престижната титула, „Автомобил на годината во Македонија“ за 2019 е Ford Focus. Тоа е епилогот од процедурите кои Националното стручно жири ги спроведе при годинашниот избор.

Признанието, SUV на годината оди во витрините на Citroen C5 Aircross, додека посебната награда „Томислав Биљарац“ која се доделува за посебни придонеси и резултати во развојот на автомобилската индустрија во државата, му припадна на Стерули Бураку.

Изборот за „Автомобил на годината во Македонија“ се одржува континуирано веќе по 24-ти пат, со што се вбројува во изборите со најдолга традиција на Балканот.

Учесници на „Изборот“ се сите пристигнати нови или значајно модифицирани автомобили кои пристигнуваат на нашиот пазар во тековната година.

Процедурите понатаму предвидуваат бирање на потенцијалните финалисти, избор на финалистите, и по заедничкото дружење со истите, на крајот Националното жири, водејќи се според строго дефинираните критериуми од Правилникот за работа, го објавува носителот на престижната титула.

Обично за сите финалисти се вели дека се победници, но сепак според бројот на освоени бодови поредокот би изгледал вака: Ford Focus (69), Citroen C5 Aircross (67), Kia Ceed (66), Volvo XC40 (54) и Opel Crossland X (44).

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг