СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Актуелен Миг

Citroen C5 Aircross: Со висок стил право во конкурентското осило

 

Во пренаселениот „Ц“ сегмент на SUV возила, Citroen влетува со адути кои го пкрасат брендот веќе еден век: оригиналност, префинет стил и висока технологија.

Citroen најчесто оди во спротивен правец од сите останати. Зошто тој пристап би го менувале кога е во прашање и експлодирачкиот тренд на побарувачка на сите категории на SUV возила, а особено тие од „Ц“ сегментот.

Присуството на корпорациските ДНК близнаци, Peugeot 3008 и Opel Crossland на пазарот оди во прилог на механичката основа.

Тоа е проверената EMP2 SUV платформа која не подржува погон на сите тркала, но умешно знае да ги истакне сите предности на возило со погон само на предна оска.

Друштвото составено до VW Tiguan, Ford Kuga, Hyundai Tucson, Kia Sportage, … сега добива придружник кој вади силни атрибути од ракав. Иновативните амортизери со прогресивни хидраулични перничиња заедно со посебно скроените седишта ја прават основната разлика.

Обликот е чисто ситроеновски, што ќе каже дека во морето слични возило тој лесно ќе биде препознаен по оригиналноста.

 

Возење па потоа претставување

Домашниот увозник на оригинален начин одлучи да ни го претстави својот SUV адут. Најпрвин имавме практично запознавање преку возење до Белград, потоа следеше службено претставување, возење на затворената патека на „Навак“ и на крајот потврдување на веќе стекнатите искуства преку враќање назад во Скопје.

И веднаш да кажеме, целата замисла одлично функционираше. Двете возила регистрирани за таа намена беа опремени со новиот 1.5 литарски дизел кој испорачува 130 КС а може да биде спарен со шесстепенски мануелец или пак со 8-степенски автоматик.

Освен оваа опција се нуди и дизел од 180 КС како и два бензинци со идентични силини, 130 и 180 КС.

За да биде се во склад со новите Euro 6d Temp норми (мерени според WLTP протоколот), Citroen најавува и хибридна верзија при што електромоторот ќе биде сместен во задниот дел и ќе го придвижува задниот пар тркала.

Со тоа решение се постигнуваат две цели, почитување на еколошкиот аспект, и задоволување на потребата за 4×4 погон.

 

Ништо помалку од оригиналност

Дали ќе откриеме нешто ново ако констатираме дека и Citroen C5 Aircross носи визуелен печат својсвтен само на францускиот бренд. Сличности можат да бидат пронајдени само во актуелните модели од гамата, но во тој случај говориме за својствен стил и имиџ.

Отстапката од присутните ситоенови модели на пазарот се однесува само на големите отвори, поставени на сите четири страни на возилото.

Додека едните имаат само естетска улога тие напред служат и како отвори за ладилниците.

Во внатрешноста повоторно е кокетирано со оригиналност при што голем дел од заслугата на удобното возење оди на сметка на седиштата изработени по посебна технологија.

Електронската табла со инструменти може да се модифицира според личните преференции а со секундарните команди најлесно ќе се снајдат корисниците кои веќе имаат искуство со некој модел на Citroen.

 

Динамика во комбинација со економичност

без разлика дали се вози низ град, на автопатски делници или пак на тркачка патека, заклучокот е ист: Citroen C5 Aircross вози суверено, без непредливи движења и секогаш останува под контрола на возачот.

Словно опеаната француска удобност воопшто не е доведена во прашање, напротив, предниот погон е така избалансиран да „лежењето“ на патот е и повеќе од задоволително.

Новиот дизел мотор од 1.5 литри испорачува 300 Nm и максимална силина од 130 КС. Во случајот на мануелно менување на шесте степени вртежниот момент се испорачува без континуирано, но сосема друга слика се добива кога истиот мотор е спарен со автоматски менувач со осум пара на запчаници. Мазното и меко менување со одвива прилично брзо со што се добива впечаток сличен како кај бесстепенските менувачи.

По дводневно интензивно дружење и над илјада поминати километри го завршивме нашето запознавање и останавме со впечатокот за умешноста на конструкторите на групацијата кои врз една иста механичка основа знаат да произведат возила со сосема различен карактер.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Актуелен Миг