СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Видео

Ford со погон на – кафе! [видео]

 

Приказната не е од вчера, ама за да не ја читате до утре, ние ја скративме.

Во главната улога се извесен Мартин Бакон и неговата Ford Sierra пикап, за која тој имал големи сметки за гориво.

Еден ден му здодеало да ги плаќа и решил да бара алтернатива, ама не како нашите возачи кои во тоа го гледаат само авто-плинот.

Мучнал со главата, засукал ракави, во товарниот дел на пикапот вградил неколку котли и цевки и го преработил да работи на – кафе!

Поточно на остатоците од преработката на кафето, кои не чинат ништо зашто завршуваат во ѓубре.

Начинот на кој работи моторот на оваа Sierra не е толку едноставен како што на прв поглед звучи, но резултатот е одличен.

За да покаже дека не се шегува, Мартин Бакон постигна и гинисов рекорд – неговиот автомобил е најбрзиот во светот кој како гориво користи – кафе!

Ако мислите дека се шегуваме, погледнете го видеото.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео