СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Ferrari Omologata: Кој си може, може!

А малку што Ferrari не може, посебно кога има клиенти како купувачот на ова парче бесценета автомобилска техника.

Велиме бесценета заради две причини: прво, Ferrari не кажа колку чини, а второ овој модел е уникат, еден единствен на светот.

И тоа 10-ти по ред направен на V12 платформата, односно на основа на 812 Superfast од кого ги задржа само светлата и ветробранското стакло – сé друго е сменето.

Колку длабоко знаат само во Маранело и споменатиот купувач кој не е именуван – кажано е само дека е од Европа.

Наречен едноставно Omologata, овој гранд турер има каросерија од алуминиум чиј изглед е инспириран од GT моделите од минатото.

Тој официјално е опишан како „футуристички дизајн со карактеристични елементи реинтерпретирани на свеж начин за да се обезбеди потенцијал за безвременска форма што сигурно ќе остави траен впечаток“.

Покрај складните линии и виткото тело, вниманието го привлекува и со тркачката ливреја во специјално за него креирана магма црвена боја нанесена во три слоја и деталите од јагленородни влакна.

И внатрешноста изгледа еднакво уникатно, евоцирајќи спомени од богатото тркачко наследство на марката, додека за зафатите на механиката ништо не е кажано.

Стандардниот 812 Superfast има 6,5 литарски V12 мотор сместен напред со 800 KS со кој забрзува до 100 km/h за 2,9 секунди и постигнува максимални 340 km/h.

Својата програма за ваква персонализација, односно изработка на уникатни модели по специјална нарачка, Ferrari ја започна во 2009 со P540 Superfast Aperta.

За Omologata чие име јасно сугерира дека ќе може да се вози и во редовен сообраќај, беа потребни нешто над две години.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV