СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Audi Q5 Sportback: Елегантен спортист (со видео)

Додека обновениот Q5 зрачи со повеќе самодоверба од претходникот, неговата купе изведба е елегантно поспортска.

Унапреден стајлинг, модернизирана внатрешност и освежена гама мотори – тоа се измените кај обновениот Audi Q5 кој беше претставен во јуни.

Истото сега е применето и кај Sportback изведбата, која заради купе каросеријата делува елегантно поспортска.

За тоа придонесуваат пошироката маска, стандардните LED светла кои кај некои верзии напред се со Matrix а назад со OLED технологија, новите тркала и уште пар помалку забележителни ситници.

Заради спуштениот заден е за 7 mm подолг од стандардниот Q5, додека останатите димензии – ширината, висината и меѓуоскиното растојание се задржани. Од истата причина има и помал багажник – 510 литри.

Во внатрешности се среќаваат MIB 3 инфозабавниот систем, 10,1 инчен MMI екран, 12,3 инчен виртуелен кокпит, head-up дисплеј и друго, а Bang & Olufsen аудио системот со 19 звучници е опционален.

Богата е и листата на системите за асистенција на возачот – од предупредување за напуштање на коловозната лента преку паркинг-системот до адаптивниот темпомат и Top-view камерите.

Мотори ги има три – два дволитарски (бензински и дизел) со идентични 204 коњи и 3,0 литарски V6 TFSi со 347 KS за SQ5 Sportback, сите со mild-hybrid технологија. Подоцна на гамата ќе се придружат и два плаг-ин хибриди.

Во зависност од верзијата ќе се вградува седумстепен автоматизиран или осумстепен автоматски менувач, додека Quattro погонот на сите тркала е сериски.

Продажбата на Audi Q5 Sportback започнува во првата половина на идната година.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV