Втората генерација на францускиот компакт доаѓа со радикални промени во вграденото ниво на технологија и со раскошна понуда на персонализација.
Citroen се враќа кон своите корени. Така можеби најдобро ќе се опише карактерот на новиот Citroen C4 Cactus во кого е вгрдена новата технологија за потпирање со прогресивни хидраулични перничиња.
Поимот „новата“ можеме да го сфатиме условно бидејќи принципот на хидраулично потпирање е оригинално дело на Citroen, имплементирано во многубројни модели уште во минатиот век.
Освен тоа во новиот C4 Cactus се вградуваат уште и 12 уреди за помош во возењето, 3 технологии за поврзување и еколошки мотори со високи перформанси. Интересно е дека француските конструктори се откажуваат од тнр воздушни одбојници чие странично вградување беше карактеристично за минатата генерација.
Моторната понуда се состои од три бензинци со 82,110 и 130 КС додека лубителите на дизели ќе се задоволат со 1.6 литарскиот агрегат со рамно 100 КС.
Богатата понуда се содржи од 31 комбинација за персонализација со 9 бои на каросеријата и 4 елегантни и софистицирани пакети боја, при што секој клиент ќе може да биде дизајнер на своето возило.
Новиот C4 Cactus е достапен во продажните салони на Citroën во Македонија со промотивна понуда по цена веќе за 13490 Евра.