СЛЕДЕТЕ НЀ

Видео

CAMI Terra Wind: Играчка за богати [видео]

 

Летово го поминуваме со граници, но само ако има кој да ве сопре.

Таков проблем немаат сопствениците на овај огромен и луксузен кампер кој без проблем може и да плива.

Наречен Terra Wind, тој е производ на американската компанија Cool Amphibious Manufacturers International (CAMI), долг е околу 13 метри и нуди сé што може да замислите.

Она што не можете да го замислите а тој го може, е да плива – потребно е само пред да се влезе во вода да се извадат стабилизаторите.

Од компанијата советуваат да не плови по море туку само по езера и реки, што CAMI Terra Wind може да го прави со брзина од 14 километри на час.

На асфалт е способен да развие максимална брзина од 128 километри на час, за што се грижи Caterpillar дизел мотор со 330 KS.

Кога пак е паркиран, нуди комфор каков што може да се сретне на луксузните јахти.

Опремен е со мебел типичен за нив – мермерен под, кожа, гранитни плочи, па дури и џакузи со хидромасажа, платформа за сончање и друго.

Ако и тоа ве интересира, цената му изнесува 850.000 долари.

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео