СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Мотоцикли

Brixton Crossfire 500

 

Не грижете се за вашето познавање на мотоциклите ако не сте слушнале за марката Brixton – никој не слушнал.

Името Brixton Motorcycles прв пат се појави во 2015 година, кога јавноста целосно го игнорираше.

Австриската компанија KSR Group која како еден од поголемите дистрибутери на мотоцикли стои зад него, беше упорна и постојано ја надградуваше гамата, стигнувајќи до пет модели од 125 и 250 cm³.

Но јавноста беше уште поупорна и повторно игнорираше – сé досега, кога се појави Crossfire 500, кој ги смести меѓу ударните вести.

Со исклучително атрактивен изглед на современ кафе-рејсер, тој има двоцилиндричен водено ладен агрегат со зафатнина од 486 кубни сантиметри и 47 KS при 8.500 вртежи во минута. Тежок е 190 килограми и може да се пофали со складни димензии.

Стандардниот модел има LED осветлување, дигитална инструмент табла, шпански J. Juan сопирачки со ABS, издув од нерѓосувачки челик, Pirelli Angel ST пневматици…

Во понуда е и Crossfire 500 X моделот кој има поинаков сет рачки, друго седиште, уште неколку изменети елементи и Pirelli MT60 пневматици.

Со оглед на сето ова, цената му е исклучително разумна – 6.249 евра за стандардната и уште 300 за X варијантата.

KSR Group како семејна трговска компанија е основана во 1916 година. Сопственик е на марките KSR Moto, Brixton, Lambretta и Malaguti и дистрибутер на CFMoto, Benelli, Niu, Segway, Quadro…

Располага со 6 филијали ширум Европа во кои работат 170 луѓе. Брои 2.326 дилери во 60 земји и годишно продава по повеќе од 60.000 мотоцикли од 15 марки.

Австријанците цело време одбиваат да кажат каде се произведуваат мотоциклите од оваа марка, но никогаш немаат демантирано дека не доаѓаат од Кина.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Мотоцикли