СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

BMW i4 EV: Баварски одговор на Tesla

Unite Gallery Error:

Gallery with alias: BMWi4EV not found

 

Со едно полнење серискиот i4 EV би требало да помине помеѓу 550 и 700 километри со што би се поставиле нови стандарди кај електричните возила.

Врз основите на концептот BMW i Vision Dynamics concept прикажан лани на салонот во Франфурт, BMW во 2020 ќе ја претстави сериската изведба на i4 EV која според автономијата би требало да конкурира на моделите на Tesla.

Како што јавува магазининот Auto Express, шефот на BMW, Харалд Кругер изјавил дека новата линија на електрични возила во која секао припаѓа и i4 EV со едно полнење на батериите би можеле да поминат помеѓу 550 и 700 километри.

Бидејќи за концептниот модел беше кажано дека може да постигне автономија од 600 километри, очигледно во меѓувреме технологијата на производство на батерии значително е подобрена.

Тој технолошки напредок  директно се одразува на значително зголемување на проектираната автономија, со што се надминува капацитетот на возилата на директниот американски конкурент.

Во дизајнерска смисла, i4 EV со големото меѓуоскино растојание и малите превеси силно се потпира на решенијата прикажани на Vision Dynamics concept.

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV