СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

Nissan ја истакнува својата посветеност кон електрификацијата

 

На престојниот авто салон во Пекинг, Nissan ќе се претстави со три целосно електрични модели со што ја истакнува посветеноста кон возилата со нулта емисија на издувни гасови.

Nissan IMx KURO

Дека Nissan сака да вози на струја знаеме од 2010 година кога беше претставен серискиот компакт, Leaf. Понатамошниот развој на моделот, чија последна верзија е прикажана минатата есен, доведе до продажба од 300 илјади единици со што е заслужена титулата на најпродаван електричен автомобил во светот.

Проектот M.O.V.E to 2022 кој Nissan го работи со својот кинески партнер Donfeng (Triple One Plan) предвидува претставување на дузина електрични возила со кои се тежнее кон задржување на приматот во овој сегмент.

Покрај новата изведба на Leaf, Nissan во Кина ќе го претстави и IMx KURO, концептен кросовер чија сериска изведба се очекува во најскора иднина. Околу применетата технологија засега Nissan не објавува детали, но никој не се сомнева дека ќе биде опремен со најновите батерии кои веќе подолго време се во најава.

Nissan TERRA е третиот електричен модел кој ќе биде претставен на претстoјниот авто салон во Пекинг. Како што може да се види од објавените фотографии, теренецот ги задржува сите способности како и претходниците. Разликата се состои во носечката структура која кај новата TERRA е изработена во вид на рамка. Шпеклуациите дека истата носечка структура во иднина ќе биде употребена и за лесни комерцијални возила се чини како сосема реална.

 

Nissan Leaf

 

Nissan TERRA

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV