СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

EV

BMW серија 4 Cabrio : Есенска пролет (видео)

После купе и M верзиите на новата серија 4, BMW ја претстави и нејзината кабриолет изведба.

Првиот поглед доколку успее да се оттргне од огромните бубрези ќе ја забележи единствената разлика однадвор – склопливиот покрив кој сега е од платно и се отвора и затвора за 18 секунди при брзини до 50 km/h.

Од BMW велат дека исфрлањето на тврдиот преклоплив покрив придонесува за намалување на тежината и подобра искористеност на багажниот простор, кој изнесува 385 литри.

Димензиите на серија 4 Cabrio се скоро идентични како и кај купето – разликата е во должината која е зголемена за 5 милиметри. Тоа сепак не може да се каже и за внатрешноста чија пространост малку настрада, посебно за патниците назад.

Затоа пак во неа се среќава сé што има купе верзијата и сé што човек може да посака, вклучувајќи ја и дигиталната инструмент табла од 12,3 инчи впарена со централен екран од 10,25инчи.

Автомобилот, секако, ќе биде достапен со бројни безбедносни и системи за помош на возачот спакувани во Active Guard Plus, Driving Assistant, Intelligent Personal Assistant и другите пакети технологии.

Во палетата на мотори се бензинците со 184, 258 и 374 КС, додека единствениот дизел има 190 КС. Сите се спарени со 8-степен менувач, а посилните верзии и со погон на сите четири тркала.

Продажбата ќе стартува во март, а цените за Европа не се објавени. Во САД кабриолетот е за 7.500 долари поскап од купето.

 

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од EV