СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

BMW е најголем извозник на автомобили во САД

 

Минатата 2021 година фабриката на BMW во САД произведе 433.810 возила, од кои 257.876 се извезени.

Тоа го прави германскиот производител најголем извозник на автомобили во Соединетите Американски Држави, и тоа осма година по ред.

Според извештаите на американските власти, BMW лани има извезено автомобили во вкупна вредност од 10,1 милијарди долара.

Фабриката во Спартанбург, Јужна Каролина, ги произведува X3, X4, X5, X6, и X7, кои се продаваат во 120 земји низ светот.

Најголем дел од извозот отпатува за Кина (24,1%), Германија (12,3%), Јужна Кореја (9,4%), Канада (5,6%) и Велика Британија (5,4%).

Оваа Фабрика е отворена 1992 година и моментално вработува повеќе од 11.000 луѓе.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот