СЛЕДЕТЕ НЀ
autoinfo

Во светот

BMW го претстави 128ti со 265 KS и 400 Nm

Од идниот месец класата врели хечбеци ќе има нов претендент.

Го носи сино-белиот пропелер на BMW што само по себе е знак дека сериозно ќе им конкурира на другите, дури и без да се види неговата ознака 128ti.

Баварците ја оправдуваат со дволитарскиот турбо бензинец од М135, кој за него располага со максимални 265 коњски сили кои ги развива меѓу 4.750 и 6.500 вртежи во минута.

Значаен е и вртежниот момент од 400 Nm расположлив од 1.750 па сé до 4.500 вртежи, што само по себе ветува спортски перформанси.

Пакетот е комплетиран со осумстепен Steptronic Sport автоматски менувач, а на жалост за заколнатите љубители на марката погонот е на предните тркала.

Нив сепак малку ќе ги орасположат бројките кои се наоѓаат на крајот на табелата со техничките перформанси – забрзувањето од 0 до 100 km/h за 6,1 секунда и максималната (електронски ограничена) брзина од 250 km/h.

Ако некој праша, просечната потрошувачка му е 6,1 литар на 100 km, а емисијата на CO₂ 139 грама на километар. Тоа што сите ќе го прашаат е 41.575 евра.

За тие пари ќе можат да се перчат со агресивно истакнатата каросерија со целосно црни маска и ретровизори, сет спојлери, двојни издувни цевки и црвени детали.

Црвена е и ознаката ti поставена на праговите пред задното тркало, а такви се и клештите на M Sport сопирачките. Од истиот М-регал доаѓаат и пружините, а пневматиците се Michelin Pilot Sport 4S.

Црвените детали се среќаваат и во внатрешноста – на спортски профилираните седишта, на вратите, командната табла, наслонот за раце со прошиено ti лого, а и амбиенталното осветлување е исто.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Во светот