СЛЕДЕТЕ НЀ

Видео

Bentley Flying Spur Hybrid [видео]

 

На пат кон целосната електрификација закажана за 2030 година, Bentley претстави уште еден хибриден модел.

Се работи за луксузниот Flying Spur кој има друга, нешто посилна погонска единица отколку Bentayga со 544 место 449 коњски сили и 750 место 700 њутн-метри.

Тие му гарантираат забрзување од 0 до 100 km/h за 4,3 секунди и максимална брзина од 285 km/h, додека пак литиум-јонските батерии од 14,1 kWh електрична автономија од нешто над 40 km.

Покрај сиот раскош и луксуз претставен преку тркалата од 20, 21 или 22 инчи, двобојната кожна комбинација за ентериерот, хромираните елементи на екстериерот и друго, на возачот на располагање му стојат и три режими на возење – EV Drive, Hybrid Mode и Hold Mode.

И покрај моторот со само шест цилиндри и еколошкиот предзнак покажан преку Hybrid ознаката на предните крила, овој Bentley има четири издувни цевки, а може да се добие во 7 стандардни и преку 60 персонализирани бои.

Според планот наречен Beyond 100, од 2023 година сите модели на Bentley ќе имаат плаг-ин хибридна погонска опција, од 2026-тата ќе бидат исфрлени од понудата неелектрифицираните верзии а првиот електричен модел ќе биде претставен една година пред тоа.

 

 

 

 

 

 

Реклама
Реклама

Интересно

Повеќе од Видео